НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Секторската група ,,Дигитализација – перспектива за женското претприемништво

Секторската група ,,Дигитализација – перспектива за женското претприемништво

Секторската група ,,Дигитализација-перспектива за женското претприемништво” во рамки на ,,Националната платформата за женско претприемништво (НПЖП)”, која се формираше во рамки на  проект кофинасиран од Европската Унија.  Проектот е предводен од страна на Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР.

 

Секторската работна група „Дигитализацијаперспектива за женското претприемништво  е оперативна група на НПЖП со советодавна функција за делокругот на работење и областите на интервенција.  Активностите на секторската група се очекува да бидат корисни во однос на дефинирање и давање совети за креирање на поширок контекст на политики и програми за дигитална едукација на жените претприемачи,  со  кои ќе се придонесе кон развојот на женското претприемништво.

На  состанокот  на секторската група „Дигитализација – перспектива за женското претприемништво“, се дискутираше за поттикнување на техничко-технолошкиот развој и унапредување на  дигиталните вештини на жените претприемачи,  поврзани со  иновации и со напредна технологија, како и со примена на стандарди и на добри деловни практики во работењето. Дигитализацијата е една од клучните алатки за  развојот и  промоција на женскиот претприемачки дух, а таа е и двигател на нови трендови на менаџирање и на дејствување.

 

За потребите од овој сегмент, дигитализацијата во развојот на женското претприемништво првични насоки даде претседателката на Платформата Валентина Дисоска, која дигитализацијата ја посочи како еден од главните фактори во равзој на женското претприемништво и целосното економско зајакнување на жените. Проф др Ристе Темјановски од Економскиот факултет во Штип, акцентот во својата дискусија го стави на едукацијата и потребите од воведување на дигитализацијата во едукативниот процес; на состојбите особено за време и пост пандемијата Ковид 19, кога требаше да има преструктуирање на работните процеси, а и податоците дека дури 13,1 % жени во Македонија на возраст од 15 до 64 години никогаш не се сретнале со компјутер. Проф.Темјановски е експертот на Националната платформа кој ќе изработи Документ за Дигитализација во женското претприемништво-можности, начини и придобивки и ќе го презентира на Вториот Самит за женско претприемништво во ноември оваа година.

Во дискусијата учествуваа и претставници од ДАТА ЛАБ кои 30 години работат за дигитализацијата во работниот процес и претставниците Сашо Петрушевски и Светлана Трајкова, посочија дека нивната фирма е со 60% жени кои работат и за нив не постојат женски и машки бизниси, туку успешни и неуспешни работници. 

Професорката од Американ Колеџ, Сандра Грујевска, смета дека кога се има добра тимска поставеност може многу брзо да се вклучи дигиталноста во работниот процес. Тие се пак 65 % жени во нивната високообразовна институција и секогаш со студентите по однос на претприемништвото работат на придобивките од истото со посочување на добри практики.

Се зборуваше за развој на е-трговијата а како предуслов е развојот на дигиталните вештини кои можат единствено жените да ги освојат преку обуки, работилници а пред се нивна заинтересираност во својот бизнис да ја внесат дигитализацијата.

 

Дискусијата се разви во заклучоци и насоки како и евидентни состојби за ИТ секторот во женското преториемништво.

-Од една страна има незаинтересираност за совладување на дигиталните вештини кај жените.

-Од друга страна има огромен број на премногу успешни жени токму во ИТ секторот. 

Заклучоците се однесуваа во однос на едукација, достапност на информации и начини како успешните домашни практики да им се претстават на жените кои се на самиот почеток или пак не знаат како понатаму. Едукативните програми од најмала возраст, вклучување на претприемништвото како предмет во образованието и развивање на дигиталната писменост како основна писменост на современиот свет и вмрежување на повеќе организации и институции се идните чекори кои треба да се направат.

Со едно сите се согласија: “Ако не се описменш дигитално ќе останеш неписмен “. Дигиталната писменост станува секојдневна, основна писменост во сите сегменти.

 

 

Проектот е имплементиран од: