Денеска во Охрид, Националната платформа за женско претприемништво го организираше првиот Форум за женско претприемништво од низата која во сите плански региони ќе ги организира во текот на летните и есенските месеци оваа година.
Локален форум во Охрид беше со наслов ,, Улогата на жените претприемачи во развојот на туризмот” и на него учествуваа 100-тина жени од разни сектори од Југозападниот плански регион.
Организагтор на настанот беше Координаторката на НПЖП, за Југозападниот плански регион Сузана Наумовска а на ортварањето заборуваа, г-ѓа Елисабета Георгиева – Програмски менаџер од Делегација на Европската унија, г-ѓа Валентина Дисоска – Претседател на Националната платформа за женско претприемништво и г-ѓа Милена Грозданоска – Претседател на Комисија за за еднакви можности меѓу мажите и жените и советник во општина Охрид.
На панел дискусијата што се разви во продолжение на темата ,, Улогата на жените претприемачи во развојот на туризмот” зборуваа и г-ѓа Аница Палацо – Коордиантор и советник на ГИЗ програмата, г-ѓа Устијана Речкоска Шикоска – Проректор на Универзитетот за информатички технологии и науки ,,Свети Апостол Павле”Г-ѓа Славица Стефановска – Менаџер на хотел Далјан, секретар на Здружение на глуви и Кате Граждани од Ресторан- Спортско-рекреативен центар Bella Casa.
Форумот даде основа за понатамошните активности во Охрид и целиот Југозападен планкси регион кој ќе следат во следниот период.