На 8.06. 2022 година (среда) од 12 часот во хотел Интернационал во Велес ќе се одржи Локален форум на тема „Образовна доквалификација на жените претприемачки како клучен елемент во развојот на женското претприемништво” во кој ќе бидат вклучени заинтересирани страни од Вардарскиот Хаб на Националната платформата за женско претприемништво.
Како што стои во образложението кое до сите заинтересирани го испрати Координаторката на овој Локален Хаб со седиште во Велес,Снежана Димитриевски, НПЖП е проект кофинансиран од Европската Унија, а се спроведува од Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР.
Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП), произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба на женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа-стои во образложението за одржувањето на овој Форум.
Во прилог ја имате и Агендата за настанот , а пријавувањето за учество на него е до 06.06.2022 година.