НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Општини Кисела Вода и Здружение на бизнис жени – Повик за учество на работилница за женско претприемништво

Општини Кисела Вода и Здружение на бизнис жени – Повик за учество на работилница за женско претприемништво

Во рамки на активностите на Општина Кисела Вода за поттикнување на жените во нивното економско зајакнување и развој на нови вештини, кои ќе им овозможат преквалификација и влез во светот на женското претприемништво, Општината заедно со Здружението на бизнис жени на Македонија, организира средба со заинтересирани жени од сите возрасни групи, на тема “Жените-ресурс за економско зајакнување на заедницата”.

На средбата за можностите што ги дава женското претприемништво ќе зборува Валентина Дисоска, која е и претседател на Националната платформа за женско претприемништво. Посебен акцент ќе биде ставен врз жените, жители на општина Кисела Вода, кои се невработени, кои се економски зависни и кои немаат доволно вештини и потребни квалификации.

Општина Кисела Вода во изминатиов период ја потпиша Декларацијата за соработка и поттик на жените претприемачи и во насока на истото, интензивно ќе работи на обезбедување на услови за соодветен развој во следниот период.

Средбата ќе се одржи во понеделник, 13.06.2022 година во 18 часот во Големата сала во Општина Кисела Вода.

Лице за контакт: Тања Стојановска 072314934

Проектот е имплементиран од: