НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

„Образовна доквалификација на жените претприемачки како клучен елемент во развојот на женското претприемништво”- ФОРУМ ВО ВЕЛЕС НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

„Образовна доквалификација на жените претприемачки како клучен елемент во развојот на женското претприемништво”- ФОРУМ ВО ВЕЛЕС НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Во Велес Националната платфора за женско претприемништво во организација на Локалната координаторка Снежана Димитриевски, на 8 јуни одржа Форум на тема „Образовна доквалификација на жените претприемачки како клучен елемент во развојот на женското претприемништво„. 

Овој локален форум е прв од ваков карактер во Велес, а воедно и во регионот, но е втор од серијата локални форуми за женско претприемништво кои се реализират во повеќе градови и региони низ  Македонија.

Панел дискусијата беше на тема: „Образовна доквалификација на жените претприемачки како клучен елемент во развојот на женското претприемништво” на која конструктивно учество зедоа:  м-р Михаела Ѓорчева од Славјанскиот Универзитет во Свети Николе,  д-р Христина Игнатовска – Димитрова, Директорка на Работничкиот Универзитет „Благој Страчковски“ – Велес, Александра Андреева – сопственик и управител на Друштво за економско – правни услуги АНДРЕЕВА КОНСАЛТИНГ, Управен одбор на Комора на сметководители на Македонија, Весна Ѓорѓиева – Претседател на Комисија за еднакви можности од Општина Кавадарци и Eлица Јаневска – Виш соработник за активни мерки за вработување, Агенција за вработување – ПЕ Велес.

Настанот го отворија Марко Колев, градоначалник на Општина Велес, госпоѓа Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа за женско претприемништво и претседателка на Здружение на бизнис жени, и г-ѓа Емилија Андонова, програмски координатор во Фондација за Менаџмент и индустриско истражување (МИР). Модератор на настанот беше Снежана Димитриевски, локален координатор на Националната платформа за женско претприемништво во Вардарскиот плански регион.

Од Форумот произлегоа конкретни предлози за активности како и насоки за надминување на постоечките состојби и создавање на услови з аразвој на женското претприемништво во целиот Вардарски регион,м чии претставници беа присутни на настанот.

 

Следниот Форум на НПЖП ќе биде на 15 јуни во Скопје со учество на претставници од Скопскиот плански регион.

Проектот е имплементиран од: