Настани Хабови и Амбасадори Општина Куманово потпиша Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво June 20, 2022 by Тимот на Националната платформа за женско претприемништво: претседателката Валентина Дисоска, координаторката за јакнење на капацитети Емилија Андонова и координаторката на Северноисточниот Хаб, Дивна Јанкова, остварија средба во Општина Куманово, на која градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски ја потпиша Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво . На средбата беа присутни и Претседателка на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, која е и претседателка на Комисија за еднакви можности, како и претставнички од Советот на Општината, а се зборуваше за можностите за унапредување на условите за развој на женското претприемништво во општината. Со ова и најголемата Општина во Северноисточниот плански регион Куманово, се приклучи кон Општините кои и ја дадоа подршката на Националната платформа за женско претприемништво. Развојот на женското претприемништво е се поприсутна тема и се прават конкретни чекори кон подобрување на условите и поголем економски развој и сигурност на жените – беше една од насоките кои произлегоа од оваа конструктивна средба. Share: Share on: