Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Швајцарска агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа на РСМ и Бизнис центарот при Скопски плански регион, Ве покануваат на презентација за условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка –
Кофинанисрани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“и „спин-оф“4
“СТАРТАПУВАЈ 4”
Он-лине инфо сесијата ќе се одржи на 29.06.2022 со почеток во 12.ч преку ZOOM платформата.
Целта на инструментот е да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој. Дополнително, се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга, како и да се поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи.
Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.