Родовата еднаквост во економскиот развој на Oпштина Радовиш е еден од предизвиците во мојот мандат, изјави на средбата со претставниците на Националната платформа за женско претприемништво, Градоначалникот Ацо Ристов. “ Рушењето на родовите бариери и ослободување на економскиот потенцијал кој лежи скриен во жените лидери, бизнис жени, жени носители на јавни функции се дел од моите ветувања, а кои веќе почнаа да се реализираат“, дополни и ја потпиша Декларацијата за подршка и развој на женскот претрпеимништво на НПЖП, градоначалникот Ристов.
На средбата беа присутни, Координаторката за Југоисточен Плански Регион на Националната платформа за женско претприемништво, и член на тематската група на Проектот Ксенија Вангелова, на којашто главна тема беше развојот на женското претприемништво, како и Амбасадорката за Југоисточен Плански регион Анита Дрвошанова.
Ксенија Вангелова ги претстави целите на проектот, меѓу кои главните се градење на Националната платформи како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси, олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво, промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика, а беше запознаена и со плановите на општина Радовиш во однос на унапредувањето на економскиот статус на жената.
“Со потпишувањето на Декларацијата за унапредување на женското претприемништво ние сме еден голем чекор понапред во остварување на зацртаните цели на ова тема, пред се максимален влог во создавањето на поволна бизнис клима и поддршка на бизнис идеите на жените“- беше заклучено на средбата.
На средбата се зборуваше за повеќе аспекти на развојот на женското претприемништво и формирањето и на Совет за женско претприемништво со учество на жени претриемачи, како и НВО организации кои го поддржуваат женското претриемништво а кои веќе почнаа да се реализираат во Општината . Промовирање на развојот на мрежи за жени претприемачки се главните извори на знаење за женското претприемништво и вредни алатки за негово развивање и промовирање. Соработката и партнерствата помеѓу националните и меѓународните мрежи се констатира дека можат да ги олеснат претприемачките напори на жените во глобалната економија.
Економскиот развој не може да се постигне без активно учество на жените во сите аспекти на животот. Женските претприемачи можат да играат клучна улога во процесот на економски развој доколку имаат еднакви можности и пристап до ресурсите. И покрај зголемениот број женски претприемачи, учеството на женското претприемништво е се уште значително ниско во споредба со учеството на мажите во водење бизнис особено во руралните средини, потенцираше Градоначалникот на Општина Босилово Ристо Манчев на средбата со Координаторката за Југоисточен Плански Регион на НПЖП и член на тематската група на Проектот Ксенија Вангелова, на којашто главна тема беше развојот на женското претприемништво, како и Амбасадорката за Југоисточен Плански регион Анита Дрвошанова.
Ксенија Вангелова ги претстави целите на проектот, меѓу кои главните се градење на Националната платформи како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси, олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво, промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика.
Со потпишувањето на Декларацијата за унапредување на женското претприемништво ја дадов мојата поддршка на политиките и мерките за економско зајакнување на жената и ги презентирав моите планови во оваа област, а тоа се развој на женското претприемништво и формирање на Совет на жени претриемачи во рамките на Општина Босилово, потенцираше Градоначалникот Манчев.
На средбата се зборуваше за создавање на поволна бизнис клима и поддршка на бизнис идеите на жените. Општината ги охрабрува сите жени со претприемнички дух да бидат креативни, упорни и да ги искористат своите потенцијали. Руралните жени се моќни, силни и посветени на развојот на заедницата, кои соочувајќи се со бројни предизвици се движечка сила во производството на храна, зачувувањето на традицијата, борбата со климатските промени и одржливиот рурален развој, потсетувајќи не дека преку нивно социјално и економско јакнење ние ќе создадеме социјална бласостојба, економски развој, поквалитетен живот во руралните средини и одржливи заедници, беа дел од потенцираните состојби на средбата.
Покрај општините, инситтуциите од јавниот и граѓанскиот сектор, Декларацијата за женско претприемништво ја потпишуваат и подржуваат успешни претпријатија кои можат да се пофалат како примери за добри практики. Така и Маком Треф Плус од Радовиш и нејзините сопственички од две генерации Олгица и Маја Бојаџиеви дадоа подршка на развојот на женското претприемништво и ја потпишаа Декларацијата, не информираше нашата Координаторка за Југоисточниот регион Ксенија Вангелова.