НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Женското претприемништво со подршка и од Општините Делчево и Македонска Каменица-Потпишани Декларации

Женското претприемништво со подршка и од Општините Делчево и Македонска Каменица-Потпишани Декларации

 

Општина Македонска Каменица потпиша Декларација за поддршка на женско претприемништво Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски, денес ја потпиша Декларацијата за поддршка на женското претприемништво и изрази подготвеност и желба за вкчучување во активностите на тема женско претприемништво. Тој како главна причина за малиот број на жени претприемачи во општината ја посочи неинформираноста, и смета дека треба да се работи на јакнење на свеста уште кај учениците од средно образование.

Во време кога општината работи на барање на инвестиции и отворање на нови бизниси, постои надеж дека барем дел од нив ќе бидат раководени од жени претприемачи. На состанокот присуствуваше Александра Ивановска, од секторот финансии во општина Македонска Каменица 

 

 

Градоначалникот на општина Делчево Г-дин Горан Трајковски ја потпиша Декларацијата за поддршка на женско претприемништво 
И општина Делчево со поддршка на Националната платформата за женско претприемништво. На состанокот на кој присуствуваа Секретарот на општина Делчево Билјана Прачковска, заменик претседателот на комисија за еднакви можности Даниела Такева, Координаторот на НПЖП за Источен регион Ирена Мирчовска се разговараше за состојбата со женското претприемништво во општина Делчево, за што беше заклучено дека има доста голем број на успешни жени претприемачи кои се препознатливи не само во општината туку и пошироко. Со цел нивна промоција од една страна, но и мотивација на идните жени претприемачи од друга страна, се договорија низа на активности кои заеднички ќе се спроведат во наредниот период од страна на сите засегнати страни. 

Проектот е имплементиран од: