НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ОХРИД – НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО СО НОВИ УСПЕСИ И ПРИСУСТВО ВО ПОВЕЌЕ ОБЛАСТИ

ОХРИД – НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО СО НОВИ УСПЕСИ И ПРИСУСТВО ВО ПОВЕЌЕ ОБЛАСТИ

Деновиве НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со потпишување на Декларација за унапредување, поддршка и промоција на женското претпиремништво на национално и меѓународно ниво ја официјализира соработката со Националната платформа за женско претприемништво во југозападниот плански регион.


Претставничките на Националната платформа, предводени од координаторката Сузана Наумовска при посетата на Библиотеката од директорот Милчо Јованоски беа запознати со историјата на установата, делокругот на работа, набавната политика на книги и нејзиното функционирање.
Јованоски го потенцираше придонесот на жените во Библиотеката, потенцирајќи дека од 17 вработени дури 12 се жени и во духот на женското претпримеништво ги обелодени нивните креативни преземања, иновации и севкупната нивна вклученост во развојот на Библиотеката особено за време и пост Ковид -19 кризата.


На средбата беа разменети корисни искуства, беа посочени досегашни успешни примери а беа покренати и иницијативи за идна соработка. За можноста жените – вработени во Библиотеката да се вклучат во идни проекти на Платформата за женско претприемништво во југозападниот регион говореше координаторката Наумовска.


По обиколката на Библиотеката и нивното воодушевување дека таа е од отворен тип, гостинките го пофалија и функционирање на отворената и бесплатна 24 часа летна библиотека наменета за странските туристи. Го посетија и Летниот саем во ладовина и купија книги кои наскоро ќе ги донираат.

 

Овој месец координаторката на југозападниот пласнки регион на Националната платформа за женско претприемништво беше и панелист на завршната конференција на Центарот за управување со промени заедно со советничката Милена Грозданоска, кои воедно направија и своевидна промоција на активностите на Платформата со жените занаетчии и бизнис жени од ЈЗР.

 

Проектот е имплементиран од: