НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧАНЕ ЈА ПОТПИША ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧАНЕ ЈА ПОТПИША ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Општина Старо Нагоричане, на средбата со локалниот координатор на Североисточен плански регион во рамки на Национална платформа за женско претприемништво Дивна Јанкова , одржана на  12.08.2022година на која  присуствуваа: Градоначалничката Валентина Јовановска, претседателката на Совет на Општината  Сашка Крстевска, претседателка на Комисија за еднакви можности Тања Ангеловска и советничката  на Советот на Општината Сања Стојковска , ја потпишаа Декларацијата за развој на женското претприемништво.

Беше разговарано за за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, разменети искуства за  досегашни успешни примери,  а беа предложени  и можности за  идна соработка. На територија на општината има многу културно-историски знаменитости кои би можеле да се оживеат преку етно туризам: Мегалитска опсерваторија Кокино, црква Св. Ѓорѓи како и богата и живописна природа.

Овој регион има развиен викенд туризам, но тоа не влијае значајно на развојот на општината беше речено на средбата. Градоначалничката на Општината, активно работи на план на економски развој на општината и верува дека преку платформата заедно со мотивираниот тим можат да направат исчекор напред за развој на женско претприемништво. Присутните го потврдија својот интерес и желба за поактивно вклучување и поддршка во активности на план на женско претприемништво.  

Проектот е имплементиран од: