1. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следната мерка:
Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.
3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:
- 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.
4. Крајниот рок за поднесување на барањата е 6 септември 2022 година
Напомена: Заради временската рамка за реализација на активностите од ИПАРД Програмата 2014-2020, крајниот рок за реализација на инвестиции со овој Јавен повик e 31.05.2023 година, додека, рокот за поднесување на барањата за исплата е 30.06.2023 година.
5. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 5.028.568,00 евра или 310.237.491,00 денари со можност истата да се зголеми за времетраење на јавниот повик.
6. Подигнување на обрасци и упатства:
Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства по мерка 3” од ИПАРД Програмата 2014-2020 како и „Упатство за корисници на средства по мерка 3” од ИПАРД Програмата 2014-2020, односно Матрицата на промени кон Упатството кои се однесуваат на овој јавен повик, во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План, и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.
Печатените обрасци од барањето за користење на средства по мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020, и Упатство за корисници на средства по мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и Матрицата на промени кон Упатството кои се однесуваат на овој јавен повик може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. 3-та Македонска бригада бр.20, (згр. Македонија Табак блок Ц), 1000 Скопје и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. (Листата на регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството со податоци за контакт е објавена на веб-адресата www.ipardpa.gov.mk).
7. Начин на поднесување на барањето:
Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 за мерката 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи и придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.
Пополнетото барање за користење на средства по мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 01/2022 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.
Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: [email protected] и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.
Јавен Повик 01_2022 Долга верзија 23072022
IPARD Programme 2014-2020_20.07.2022_EN
Барање за користење на средства МЕРКА 3 ЈП 01_2022
Упатство-за-користење-на-средства-од-мерка-3
Матрица со измени на Упатството за корисници М3 за јавен повик 01_2022
Упатство-за-изработка-на-деловен-план
Упатство-за-прибирање-на-понуди