Со подршка на Европската Унија и Советот на Европа изработена е Студија за мапирање на заложбите на бизнис заедницата и на постојната регулатива во превенцијата и борбата против трговија со луѓе, со цел стопирање на трудовата експлоатација во Република Северна Македонија.
Студијата содржи препораки, за усвојување на национални акциски планови за бизнис заедницата, од страна на релевантни чинители во борбата за човекови права.
Препораките кои ги содржи оваа Студија се однесуваат пред се за подигнување на свеста кај компаниите, интегрирање на превенцијата од трговија со луѓе во јавните политики на институциите како и активирање на надзорни служби врз работата на компаниите, се со цел да се спречи трговијата со луѓе и трудовата експлоатација.
Меѓу другото потребно е да се промовираат добри пракси и соработка помеѓу компаниите, бизнис заедницата и невладиниот сектор, за да се воведе заеднички употреблива алатка за само-проценка на факторите на ризик, особено за поголемите компании кои работат во ризичните области како земјоделство, градежништво, угостителство итн.
“Секое приклучување на приватниот сектор, синдикатите и релевантните институции на граѓанското општество, треба да промовира кодекси на однесување за да обезбедат заштита на човековите права и основните слободи на работниците во целиот синџир на снабдување, со цел да се спречат ситуациите на експлоатација што поттикнуваат трговија со луѓе“-стои меѓудругото во Студијата.
Во рамки на овој проект, во Белград во месец септември, ќе биде одржана Конференција “Сузбивање на трговијата со луѓе, со цел трудова експлоатација во Европа- со назнака на стандардите, реалната слика и новите стратегии за акција “. Конференцијата ќе биде со главна цел, придонес кон напорите на Советот на Европа за зајакнување на акцијата против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација. Во борбата за сузбивање на ова како што се нарекува “ропство на модерното време“ , надградувајќи севрз работата на Групата на експерти на Советот на Европа за акција против трговија со луѓе (ГРЕТА) како и научените лекции од проектите за борба против трговијата со луѓе спроведувани како дел од програмата “ Хоризонтален Инструмент“ во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија. Конференцијата има за цел да ја подигне свеста и да го зголеми разбирањето за обемот и природата на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во регионот и надвор од него, предизвиците и стратегиите за борба против овој вид на трговија со луѓе.
Трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација станува се повеќе предмет на загриженост на заштитата на човековите права, како во Европа така и на глобално ниво. Овој феномен не е ниту изолиран ниту маргинален, туку вклучува мноштво од различни методи на експлоатација, профили на жртви и економски .
Во рамки на активностите на Здружението на бизнис жени и на Националната платформа за женско претприемништво , секогаш заштитата на човековите права е вклучена во сите сегменти од работењето и поттикнувањето на процесите во развој на женското претприемништво.
Да се бидете дел од новите стратегии и акции како Компании водени од жени претприемачки и да се следат препораките на Советот на Европа ( ГРЕТА), секако е многу важно заедно со насоките да бидеме најгласни говорници за сузбивање на трговијата со луѓе, заштита на основните човекови права со посебен акцент за заштита на најранливите категории, децата и жените.
Повеќе информации можете да најдете на следниве линкови: