По изборот на осумте локални Амбасадорки кои ќе работат на темата женско претприемништво, промоција и развој на локално нив, Националната платформа овие три недели организираше тренинг програма за политики и лидерство.
· Програмата ќе биде составена од три компоненти:
1. Вовед во процесите на јавната политика
2. Вовед во концептот на лидерство
3. Вовед во релевантни родови аспекти (вклучувајќи го и родово сензитивното буџетирање).
Тренинг обуките се одржуваат онлајн во деновите – 16, 23 и 30.09.2022 а тренер е Даниела Димитриевска, експерт во оваа област.
Тренинг обуките секако ќе им дадат еден солиден инпут за понатамошната работа на Амбасадорките за поуспешно анимирање на локалната млада популација.