Јавниот повик е во рамки на проектот “Национална платформа за женско претприемништво” чија главна цел е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа. Специфични цели на проектот се: градење на Национална Платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси; олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво; подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти; промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика. Во рамки на активностите на проектот е предвидено и одржување на самит на проектот ,, Втор годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво,, кој ќе се одржи на 17 и 18 ноември во Скопје. Главната цел на Самитот е зголемување на видливоста и профилот на платформата и придобивките што ги обезбедува истата, за засегнатите страни и за женското претприемништво. Ваквиот пристап обезбедува можност заедницата на платформата да се собере за да се споделат најдобрите практика и идеи, и да промовира политики што го поддржуваат женското претприемништво. Во рамки на програмата на Самитот е предвидено доделување на награда за граѓански организации за добри практики.
Доколку сакате да бидете дел од овој Самит и да станете потенцијален добитник на наградата, пополнете го и испратете го следниот формулар најдоцна до 01 ноември. За резултатите од конкурсот навремено ќе бидете известени.