Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари одржа состанок со претставници на Национална платформа за женско претприемништво на која, покрај потпишаната декларација за соработкка беа договорени и идните чекори за соработка.
Беа дискутирани локалните проблеми со кои се соочуваат жените претприемачки и како да се надминат истите. Се дискутираа програмите и можности за Поддршка за жените претприемачки, а претседателката на Платформата Валентина Дисоска заедно со Локалната координаторка на Полошкиот регион Викторија Рафајловска и координаторот за градење капацитети Емилија Андонова, го запознаа Таравари со активностите и заложбите на Платфорамат и нејзино финкционирањ ена локално ниво.