“МОЖНОСТИ И ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ – БИТЕН ФАКТОР ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО”- е насловот на Форумот кој на 26.10.2022 година во Кочани го организира Националната платформа за женско претприемништво.
Локалниот форум ќе се одржи на 26.10.2022 (среда) во Кочани со почеток во 12 часот во Хотел „АМОР“.
Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП), произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба на женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.
Модератор – г-ѓа Ирена Мирчовска Локален координатор на Национална платформа за женско претприемништво во Источен плански регион, а Форумот ќе го отворат, Г-дин Љупчо Папазов – Градоначалник на општина Кочани, Г-ѓа Валентина Дисоска –Претседател на Здружение на Бизнис жени и Националната платформа за женско претприемништво,
Презентација на Национална платформа за женско претприемништво ќе има г-ца Елена Блажевска – Здружение на бизнис жени, проект координатор на Националната платформа за женско претприемништво.
На Панел дискусија „Можности и пристап до финансии – битен фактор за женско претприемништво“ ќе учествуваат , г-ѓа Зујица Ангелова – Директор на Центар за развој на Источен плански регион, г-ѓа Јасминка Пашалиска – Андоновска – Координатор на Програма за зачувување на природата на Македонија, Претседател на ЛАГ Малеш-Пијанец, Претседател на НВО „Амброзија“ – Пехчево, г-ѓа Јанка Димитрова –Универзитетски професор – Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, г-ѓа Александра Кирилова – Директор на фондацијата “Прогресив Академија“ од Виница и г-ца Биљана Митева –Управител – „Екопроект-Ко“ ДОО Кочани.
На Форумот се поканети жени претприемачи и оние кои сакаат да влезат во бизнис светот.