НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Регионален Форум во Гостивар- Економски раст, визии и мисии, успешни приказни на жени од Полошкиот регион како поттик за идни претприемачки ”

Регионален Форум во Гостивар- Економски раст, визии и мисии, успешни приказни на жени од Полошкиот регион како поттик за идни претприемачки ”

Националната платформа за женско претприемништво денеска го одржа последниот од годинешните Форуми за женско претприемништво во сите осум плански региони. Организатор и модератор на Форумот во Полошкиот плански регион беше  Координаторката на НПЖП од овој регион Викторија Рафајловска.

Тимот на Националната платформа денеска составен од  претседателката на Националната платформа Валентина Дисоска, која е претседателка и на Здружението на бизнис жени, како и програмскиот координатор на Проекот Елена Блажевска, ги споделија искуствата, предизвиците и целта на оваа значајна Платформа за женско претприемништво со присутните претставници на општествениот и бизнис секторот. 

Форумот го отворија Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари  и Валентина Дисоска –Претседателка на  Националната платформа. 

 

Елена Блажевска –  Проект координатор во Здружение на бизнис жени и Национална платформа за женско претпримништво, ги запозна бројните присутни жени од бизнис и општествената заедница на цел Регион, со сето она што досега е постигнато и планира да се реализира во следниот период.

 

 

Во рамки на Форумот своја презентација на тема: „ Трговија со луѓе со цел трудова експлотација“ имаше Jасмина Димитриева -Проектен офицер  од Канцеларија на Совет на Европа во Скопје.

Панел дискусија  на дадената тема:Економски раст, визии и мисии, успешни приказни на жени од полошкиот регион како поттик за идни претприемачки во регионот“,  зборуваа“:

 

 

Живка Ѓурчиновска, успешен  индивидуален земјоделец која е и Претседател на здружението е Моја Фарма, потоа а  Слаѓана Брезоска – Проектен Координатор на здружение на граѓани Милениум, Сафија Селими , претприемачка и сопственик на приватен бизниси  Ќание Селими – претприемачка и сопственик на приватен бизнис . 

 

По официјалното завршување на Форумот имаше дел каде присутните жени од бизнис заедницата можеа да поразговараат, да разменат искуства и да се вмрежат за остварување на заеднички цели и сопствен напредок.

 

Проектот е имплементиран од: