НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ВТОР САМИТ за женско претприемништво- “Инспиративна иднина„ на 17 и 18 ноември во Скопје

ВТОР САМИТ за женско претприемништво- “Инспиративна иднина„ на 17 и 18 ноември во Скопје

Националната платформа за женско претприемништво ,на 17 и 18 ноември во Raguza Rootop 360, во Скопје,  го најавува Вториот Самит за женско претприемништво со наслов „Инспиративна иднина“.
 
Во пресрет на Светскиот ден на женското претприемништво 19 ноември, два дена Тимот на НПЖП организира настан, во кој фокусот ќе бидат женското претприемништво, условите, состојбите и инспиративнaта иднина. Самитот ќе го отворат претседателката на Националната платформа за женско претприемништво Валентина Дисоска и претседателка на Здружението на бизнис жени, Извршен директор  на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР- Габриела Костовска Богоеска  и Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија. На отварањето се очекува да присуствуваат претставници на  државните институции кои го поддржуваат развојот на женското претприемништво.
 
Во изминатиов период Прооектот, во својата втора година од постоење, одржа многу настани, локални Форуми во сите осум Плански региони, заедно со Локалните координаторки, избра и почна активносит за млади преку своите Амбасадорки за млади, работеше со Секторската и тематската група на теми „Дигитализација“ и “Пристап до Финансии“ и создаде солидна основа и на национално и на локално ниво, Проектот да заживее и да дава поддршка на жените од светот на бизнисот и оние кои се на почетокот од својот претприемачки пат.
 
На Вториот Самит, кој ќе почне на 17 ти ноември во 9 и 30 часот, ќе се зборува за Локалните достигнувања во креирање на политики за развој на женско претприемништво“, потоа на вториот  Панел ќе се дискутира за „ Меѓународни искуства и успешни приказни за поддршка на женското претприемништво“ со гости од надвор, а тертиот Панел ќе биде наменет  за дискусија за “Добри практики за интернационализација на бизнисите водени од жени “
 
Вториот ден на 18, Тимот на НПЖП, Елена Блажевска,  Емилија Андонова и Мими Шушлески Петкова,  ќе се осврне на направеното и тоа што треба да се направи, со изнесување на препораките на Тематската група и давање осврт на она што е реалност. Ќе биде презентиран  документот за политики “Жени претприемачи во дигиталниот свет, како да с епремости родовиот јаз , кој го изработи проф. др. Ристе Темјановски,
 
Вториот ден ќе биде посветен во панел дискусијата за Младите и претприемништвото, можност и педизвици, а ќе заврши со две работилници за обезбедување на финансии и финансиски менаџмент.
 
На Самитот ќе бидат доделени и 5 награди, три од Министерството за економија: најуспешна претприамчка во микро, мали и средни претприајтија а Националната платформа ќе ги додели наградите за Најдобра млада лидерка и за најдобра граѓанска организација -добра практика.
 
Сите заинтересирани можат да се пријават за присуство на следниот линк: 
 
Агендата на Самитот може да ја погледнете на следниот линк
Проектот е имплементиран од: