НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Повик за членовите на НПЖП за учество во студиска посета

Повик за членовите на НПЖП за учество во студиска посета

Аплицирај за Повик за членовите на НПЖП за учество во студиска посета

Националната платформа за женско претприемништво – НПЖП организира студиска посета за учење меѓу врсниците/колегите за да поттикне вмрежување со други европски врсници/колеги, размена на добри практики и создавање партнерства.

 

 

Студиската посета за учење од врсници/колеги се очекува да постигне повеќе цели, вклучувајќи:

  • стекнување увид во иницијативите;
  • зајакнување на практиката во рамките на платформата, но и зајакнување на соработката;
  • координација и култура на учење.

 

Во студиската посета ќе бидат вклучени 10 членови на Националната платформа за женско претприемништво.

 

 

  • Кој може да аплицира за учество во студиската посета и кои се условите?
  • Претставници на организации и институции кои се членови на Националната платформа за женско претприемништво и кои имаат потпишано Декларација за соработка со НПЖП;
  • Изборот на членови ќе биде направен согласно придонесот и мотивацијата кој ќе биде прикажан во самата форма за апликација како и  опис на follow up настан кој ќе биде организиран за споделување на искуството стекнато на студиската посета

 

  • Што е покриено?

Патни трошоци, сместување и храна (појадок, ручеци, вечери и освежување за сите учесници во студиската посета.

 

  • Кога ќе се одржува студиската посета?

Временската рамка за организација на студиската посета ќе биде мај 2023 – јуни 2023 година.

 

  • Каде ќе се одржи студиската посета?

Организацијата/институцијата домаќин ќе обезбеди поддршка за резервација на хотелот за учесниците во студиската посета и ќе обезбеди различни локации за посетата. Точната земја во која ќе се одржуваат студиските посети ќе биде дополнително објавена.

 

  • Зошто да аплицираш за оваа студиска посета?

Интерактивно и ефективно учење

Целта на студиската посета, се разбира, е да научи и да стекне нови вештини и знаења. Студиските посети ве носат надвор од училниците или салите за состаноци за да добиете практично искуство за учење.

Вратете се на работа полни со нова енергија и знаења

Се разбира, главната причина поради која правите студиско патување е да стекнете нови искуства, нови вештини и знаења кои ќе ги понесете дома со вас. Вработените ќе се вратат на работа со полни со енергија чувствувајќи се исполнети, образовани и исполнети со нови идеи кои ќе ги споделат со своите колеги.

 

Аплицирај

Проектот е имплементиран од: