Прпектот ,,Наципнална платфпрма за женскп претприемништвп (NPWE),, кпфинансира пд Европската Унија во три (3) плански регипни Североистпчен, Источен и Скопски плански регион, објавува ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на „Амбасадорки“ – жени
претприемачи.
Дата: 28 март 2023 гпдина
Целокупната содржина на повикот може да ја преземете на следниот линк
Инструкции за апликанти
1. Вовед
Здружението на бизнис жени, со седиште на ул. Христо Татарчев бр.25/1,3 Скопје кое го спроведува проектот ,,Наципнална платформа за женско претприемништво,, во соработка со Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР и Сојуз на
стопански комори, објавува Јавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“- жени претприемачи
Цел на прпектот:
Општа цел: Поттикнување и зајакнување на капацитетите на жени претприемачи и граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.
Специфични цели:
- Градење на национална платформа за женско претприемнищтво како главен спцијален партнер за креирање политики и реформски процеси;
- Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на наципнално и локално ниво;
- Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
- Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со женско претприемништво;
- Придонес кон видливоста и опфатот на платформата
2. Предмет на јавниот повик
Прибирање на апликации за ангажирање на млади „Амбасадорки“ – жени претприемачи од Североисточен, Источен и Скопски плански регион, кои преку личен позитивен инспиративен пример, ќе го промовираат и поттикнуваат иновативниот
претприемачки капацитет кај младите жени, истовремено промовирајќи активизам, комуникација, вмрежување на младите и градење на женски лидерски капацитети за подобруваење на локалното опкружување поврзано со женското претприемништво.
Опис на ангажман и работни задачи
Работата на амбасадорките вклучува активности во планскиот регион за кој се пријавува.
- Амбасадорките, секоја во свпјот регион, ќе реализира мотивациски говори и интервјуа со млади жени, во образовна институција (училиште, факултет, академија, институт), со фокус на поттикнување и охрабрување на младите жени да ги активираат своите претприемачки, лидерски капацитети и вештини, да исчекорат, да започнат претприемачка кариера. Мотивациските говори треба да бидат презентирани врз основа на претходно изработена програма која ќе биде искомуницирана;
- Амбасадорките ќе ги промовираат пораките на проектот кои ќе бидат презентирани на ТВ и радио емисии;
- Секоја амбасадорка ќе придонесе за креирање на on-line содржините на кампањата за женско претприемништво на порталот на „Националната платформа за женско претприемништво“, како и за прилозите на WEB радиото;
Ангажман:
- Амбасадорка вo Скопски регион – 15 работни дена
- Амбасадoрка вo Источен регион – 15 работни дена
- Амбасадорка во Североисточен регион – 12 работни дена
Критериуми за избор
„Амбасадорките“ треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Најмалку 3 години искуство во активности поврзани со развој и промоција на женското претприемништво;
- Докажани во својата бизнис кариера или сопствен бизнис, стекнати врз основа на своите компетенции и искуство во претприемништвото.
- Препознаeни во креирање и презентирање на претприемачки, и лидерски вештини;
- Високо развиени аналитички и комуникациски вештини;
- Изградени односи и релации со пошироките општествени чинители важни за развој на женското претприемништво;
- Докажани способности за планирање и организација и имплементација на активности од почеток до финално известување;
- На повикот можат да аплицираат полнолетни млади жени до 35 годишна возраст;
Процедура за пријавување:
Заинтересираните кандидати за овпј ангажман треба да ги достават следните документи:
- Професионална биографија;
- Писмо за намера;
- Листа на референци;
- Понудена програма со предлог активности и визија кои би биле дел од проектните активности во дадената временска рамка на проектниот ангажман;
- Финансиска понуда во бруто износ со вклучен персонален данок
Целокупната содржина на повикот може да ја преземете на следниот линк