НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ФОРМИРАН СОВЕТ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

ФОРМИРАН СОВЕТ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

Во рамки на активностите на Југоисточен Плански регион на Националната Платформа за женско претриемништво и активностите на  Локланата координаторка на Југоисточен регион Ксенија Вангелова беше формиран ЛС за ЖП на Општина Струмица. На 28.02 со одлука на Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов беше формиран Локалниот совет за женско претриемништво на општина Струмица. На основа на јавнот повик кој беше објавен за членови на ЛС за женско претриемништво на Општина Струмица беа избрани 18 членови кои ќе го сочинуваат ЛС за ЖП заедно со Градоначалникот и претставник од Општината , претседателот на комисијата за еднакви можности Нела Масалковска.
 

                                     

 

Во текот на месец април ќе се оддржи и првата седница на Советот на кој ќе биде донесен и Програмски акт за негово функционирање.
 
Како клучни политики на кои ќе биде насочен ЛС за женско претриемништво на Општина Струмица се:
 

1. Вклучување женска претприемачка димензија во формирањето на сите политики поврзани со Мали и средни претпријатија МСП .Намалување на бариерите базирани на род во деловното опкружување. Еден од начините да се постигне ова е преку охрабрување на финансиските институции да усвојат родово чувствителни политики и практики, вклучително и за дизајн на производи, мониторинг, маркетинг и канали за испорака

2. Зголемување на вештините  на жените како и креирање услови  да учествуваат на пазарот на  работната сила преку обезбедување достапност на грижа за деца со пристапна цена и еднаков третман на работното место. Односно  подобрувањето на положбата на жените во општеството и промовирањето на претприемништвото генерално насочено кон  придобивки на женското претприемништво.  Создавање деловни можности за институциите и во приватниот сектор за подобрување на условите за работа за вработените жени, сегментација на пазарот и вклучување на жените во односите со заедницата

  • Поддршка на жените како специфична целна група во сите програми за развој.
  • Подобрување на образовни капацитети како и пристап до образовни профили за кои треба да се мотивираат жените
  • Адекватна програма за обука за управување со вештини што треба да им се обезбеди на жените прептриемачи.
    Поттикнување на учеството на жените во донесувањето одлуки
  • Стручната обука треба да се прошири на жените вклучени во развој на технологи што им овозможува разбирање на процесот на производство и управување со производството

3. Промовирање на отворени ставови како и размислувања  на жените претприемачи преку отварање на Бизнис Хаб за жени претриемачки со веб поддршка за промоција на бизниси на жени претриемачи и споделување на информации

4. Градење деловен случај за еднакви економски можности за мажи и жени преку адаптација на правни и регулаторни рамки колку што е потребно за да се обезбеди фер третман на жените според законот, особено во однос на правата на сопственост и сопственоста на земјиштето
5. Промовирање на развојот на мрежи за жени претприемачки. Ова се главните извори на знаење за женското претприемништво и вредни алатки за негово развивање и промовирање. Соработката и партнерствата помеѓу националните и меѓународните мрежи можат да ги олеснат претприемачките напори на жените во глобалната економија.
6. Зголемување на пристапот до финансии и пазари преку партнерство со земјите во развој и финансиски институции во тие земји и информирање за расположливите фондови за финансирање на жени претриемачки


Од страна на Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов од буџетот на Општината се планирани средства за функционирање на ЛС за женско претриемништво , донесена е одлука за ослободување од фирмарина за сите оние жени претриемачки кои ќе отпочнат нов бизнис како и одделен е буџет од општината за креирање на веб страна на советот за ЛС за ЖП на Општина Струмица.

Проектот е имплементиран од: