НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Како да почнам соспствен бизнис?

Како да почнам соспствен бизнис?

Дали некогаш сте помислиле дека би било добро да основате сопствен бизнис, но не сте знаеле од каде да почнете?

 

Започнувањето бизнис може да биде предизвикувачко искуство, кое бара многу напорна работа и посветеност.

Затоа, наш совет е првиот чекор пред почнување сопствен бизнис, да биде информирање за разните аспекти од водење бизнис.

 

Еден од тие аспекти е осозновање на клучните чекори за започнување нов бизнис.

 

Еве неколку чекори, кои е пожелно да се следат и може да бидат од помош кога започнувате сопствен бизнис:

 

  1. Спроведување на истражување на пазарот. Преку истражувањето на пазарот треба да ја разберете индустријата, целниот пазар и конкуренцијата. Ова ќе помогне во креирање на реален бизнис план и да ги идентификувате можностите и потенцијалните предизвици.
  2. Развијте реален и детален бизнис план. Објаснете го бизнисот, наведете ги целите, стратегиите, целните групи, конкурентите и проектираните финансиски средства за бизнисот. Изработете реални финансиски проекции и буџет, вклучувајќи ги вашите проектирани приходи и расходи.Ова ќе помогне да останете организирани и фокусирани, а исто така е корисна алатка кога барате средства од инвеститори или заемодавачи.
  3. Креирајте силен тим. Како сопственик, нема да можете да правите сè сами. Размислете и внимателно изберете го вашиот тим, партнери и соработници и изградете силни врски со нив. Размислете и за аутсорсинг на дел од услигите кои не можете да ги извршите внатре во компанијата. Инвестирајте во вашите вработени. Задоволните и мотивирани вработени се клучни за успехот на секој бизнис. Погрижете се да им обезбедите на вашите вработени обука, поддршка и ресурси што им се потребни за да успеат.
  4. Најдете доволно финансии. Освен традиционилните опции како заеми за мал бизнис или самофинансирање, размислете и за алтернативни опции како групно финансирање или бизнис англеи или национални и меѓународни фондови за бизниси.
  5. Поврзете се и барајте менторство. Градењето односи со други претприемачи, индустриски експерти и лидери може да биде непроценливо. Тие можат да ви дадат насоки, совети и вредни врски за развој на бизнисот.
  6. Изберете деловна структура: Одлучете за правната структура на бизнисот (на пр. трговец поединец, ДОО, АД или друга). Регистрирајте го бизнисот и добијте ги потребните дозволи и лиценци. Поставете сметководствени и финансиски системи.
  7. Инвестирајте во маркетинг и рекламирање. Маркетингот и рекламирањето се од суштинско значење за подигање на свеста за вашиот бизнис и привлекување нови клиенти.
  8. Обезбедете локација и креирајте привлечен излог, доколку е применливо.
  9. Создадете присуство на интернет. Изградете веб-страна, креирајте профили на социјални медиуми и работете на промовирање на вашиот бизнис уште пред официјално да почне со работа.
  10. Мерете и анализирајте го вашиот напредок. Следете ги клучните показатели поврзани со вашиот бизнис и редовно анализирајте ги. Користете ги овие информации за да ги идентификувате областите каде што вашиот бизнис работи добро и каде треба да се подобри.
  11. Бидете флексибилни. Со тек на време, треба да бидете подготвени да се прилагодите и да го развивате вашиот бизнис како што се менува пазарот и потребите и навиките на вашите клиенти.
  12. Не престанувајте да учите. Водењето бизнис бара специфичен сет на вештини, поради што е потребно учите нови работи и да стекнете нови вештини како што расте вашиот бизнис.
  13. Останете правно усогласени. Редовно проверувајте дали ги следите сите закони и прописи поврзани со започнување и водење бизнис во вашата област, вклучително и даночни закони и закони за заштита на работнички права.
  14. По потреба, консултирајте се со експерти за различни прашања од работењето, за кои немате доволно знаење самите или вашите вработени.
  15. Имајте позитивен став. Започнувањето бизнис може да биде стресно и има многу предизвици што треба да се надминат. Затоа, умешноста да се одржува позитивен став и да се следи иницијалната цел е од голема важност.

 

Започнувањето бизнис е долгорочен процес и не се случува преку ноќ. Бидете подготвени за преземање ризик, за повремени неуспеси, како и да вложите време и напор, за да го претворите вашиот бизнис во успешен потфат.

Проектот е имплементиран од: