НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Б2Б СОСТАНОЦИ – САМИТ 2023 ГОДИНА

Националната платформа за женско претприемништво, ги повикува сите заинтересирани жени од бизнис секторот да бидат дел од Б2Б средбите, кој ќе се одржат на 23ти ноември во хотел Мериот, Скопје од 13:30 часот.

За да се учествува на Б2Б средбите, заинтересираните претприемачки треба да се пријават на онлајн алатката за организација на Б2Б средби, на следниот линк B2B MATCHMAKING – Women Entrepreneurship – SUMMIT 2023 (talkb2b.net) каде ќе можат да го постават својот бизнис профил и воедно да ги видат останатите пријавени за Б2Б средбите и да закажат состанок со истите.

Закажаните состаноци ќе се одвиваат во живо за време на Самитот, на 23.11.2023 (четврток) од 13:30 часот во хотел, Мериот Скопје.

Годишниот Самит 2023, ќе се одржи во рамки на проектот„Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП)“, на 23 и 24 ноември во хотел Мериот, Скопје со почеток во 9 и 30 часот.

Главната цел на Самитот е зголемување на видливоста и профилот на Платформата и придобивките кои ги обезбедува истата за засегнатите страни и за женското претприемништво. Настанот ќе биде со меѓународно учество со повеќе од 100 учесници и ќе обезбеди единствен пристап во споделување на најдобри практика и идеи за промоција, развој и поддршка на женското претприемништво. Дискусијата помеѓу присутните претставници од различни институции, организации и жени претприемачки, кои се важни за развој на екосистемот за женското претприемништво ќе резултираат со заклучоци во насока на подобрување на актуелните предизвици со кои се соочува овој сектор.

Пријавувањето за учество на самитот е во тек. Затоа пријавете се на следниот линк: Пријава за учество на настан ,,Женско претприемништво – Клуч за зајакнување на економијата,, – Трет годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво



Проектот е имплементиран од: