FCEM е пионерско здружение кое обединува жени деловни лидери од целиот свет. Основано во Франција во 1945 година на крајот на Втората светска војна од Ивон Фоинант, здружението брзо се прошири во Европа во различните земји на 5 континенти. Денес, со 70 години постоење, мрежата FCEM вклучува повеќе од 120 земји, пет милиони компании на пет континенти.
Доколку сакате да го посетите сајтот на ова Светско здружение можете да го отворите следниот линк: https://fcem.org/
Од 2017 година Претседател на оваа Светска организација за женско претприемништво е Marie-Christine Oghly родена во Lorraine.
Таа е дипломиран Хидролог и со MBA диплома на Бизнис Катедра на Универзитетот во Nancy, која ја почнала кариерата во 1980 година како Паблик Менаџер воELF Групацијата. Кариерата ја продолжува на неколку нивоа и Организации од својата област, но најмногу во рамките на женското претприемништво. Станува преставник на Франција и Економски, социјален и претприемачки советник (CCEF). Од 2014-та година е заменик претседател на Интернационалниот сектор и комисија на MEDEF и избран Претседател на Организацијата Жени во економијата ( President ofLes Femmes de l’Economie).
Во Јуни 2016 таа станува Претседател на Организацијата CRAL Ile de France. Од Март 2017 беше избрана на Претседател на Светската организација на женско претприемништво (FCEM)