НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Оглас за Координатор за младински политики

Оглас за Координатор за младински политики

Здружението на бизнис жени објавува оглас за работното место Координатор за младински политики во рамките на проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, во рамките на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2018-2019, Инструмент за претпристапна помош (ИПА).

 

Главни задачи:

  • Има активна улога во поставувањето и функционирањето на платформата на сите нивоа;
  • Ги поддржува активностите поврзани со интернационализацијата;
  • Помага при различни консултации и настани за вмрежување;
  • Придонесува за материјалот за билтените и порталите, социјалните канали итн
  • Планирање, спроведување и следење на одобрените проектни активности во согласност со договорот за грант потпишан со договорниот орган;
  • Обезбедува оперативно финансиско управување и обработка на сите примарни сметководствени документи
  • Координација на сите задачи и одговорности во однос на проектните активности според временскиот распоред и одобрениот буџет;
  • Присуствува на состаноци со проектниот тим
  • Собира информации и податоци за проектот во согласност со дефинираните цели и индикатори
  • Дава предлози и покренува иницијативи за подобра реализација на проектот
  • Учествува во континуирано и периодично планирање и обезбедува спроведување на активности според планот на активности и обврски од договорот
  • Обезбедува точна, навремена и континуирана комуникација со членовите на проектниот тим
  • Обезбедува навремен и релевантен проток на информации и консултации до релевантните субјекти во врска со промените и тешкотиите кои произлегуваат од спроведувањето на проектните активности
  • Редовно доставување на временски листови (timesheet)

 

Период на ангажман: септември 2022 – декември 2023 година

 

Работни денови: понеделник – петок

 

Очекувани испораки:

• Временски листови (timesheet)

Локација:

Координатор за младиснки политики ќе работи во Скопје и на други локации во земјата и странство каде што е потребно.

 

Документи за аплицирање:

Испратете го Вашето CV најдоцна до 15.08.2022 година на [email protected]

Проектот е имплементиран од: