НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Онлајн форум „Пристојна работа за жени работнички – европски искуства и добри практики”Онлајн форум

Онлајн форум „Пристојна работа за жени работнички – европски искуства и добри практики”Онлајн форум

Во рамките на проектот „Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување” имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и Здружение на бизнис жени се организира онлајн форум „Пристојна работа за жени работнички – европски искуства и добри практики”. Проектот е финансиран од Европската унија и има цел да го промовира и зголеми социјалното учество и правата на жените работнички во Македонија.

 

Настанот ќе се одржи онлајн на 27 март 2024 година, со почеток во 11 часот. Целта на овој форум е да ја промовира размената на практики и соработката на полето на пристојна работа за жените работнички. Говорниците, како претставници на различни типови на организации, ќе претстават различни искуства и практики за подобрување на условите за работа на жените работнички.

Форумот е отворен за сите институции и организации кои креираат и имплементираат мерки и иницијативи за подобрување на пазарот на труд, за организациите-учесници во социјалниот дијалог, како и за останатите организации од полето на социо-економското јакнење на жените.

 

Заинтересираните лица може да пријавуваат на следниот линк: https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_JLRSW6mFR9KgGpB_TF3R2g

Проектот е имплементиран од: