Индексот на родова еднаквост во Македонијаза 2022 година бележи мало подобрување од 2,5 поени во споредба со претходното истражување од 2019 година, вклучително и во областите што се однесуваат на економското јакнење на жените. Сепак, крајниот заклучок е дека промените се случуваат со пребавно темпо и неопходно е да се интензивираат напорите. Една од најзабележливите нееднаквости што тврдоглаво опстојува и директно ги погодува жените е родовата нерамноправност на работното место.