НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Мај 2021

За креирање на вистински политики кои ќе придонесат за унапредување на женското претприемништво во земјата потребно е да се обединат сите главни чинители, што ќе се постигне преку креирање на Националната платформа за женско претприемништво, чија промоција се случи денеска, на коференција на која учествуваа министри, високи претставници на Делегацијата на ЕУ, дипломати и претставници на деловната заедница.

Платформата е во рамките на истоимениот проект, кофинасиран од Европската Унија, како дел од ИПА Програмата за Граѓанско општество и медиуми. Носители на платформата се: Здружението на бизнис жени, Сојуз на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување-МИР. претприемништво, националата и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги и младите и жените од руралните подрачја.

Платформата е во рамките на истоимениот проект, кофинасиран од Европската Унија, како дел од ИПА Програмата за Граѓанско општество и медиуми. Носители на платформата се: Здружението на бизнис жени, Сојуз на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување-МИР.

Овој проект е  финансиран од Европската Унија, а предводен од страна на Здружението на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР.

Генерално состојбата на жените претприемачи е на стаклени нозе затоа што во услови на здравствено економска криза економијата е многу падната, оцени Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа за женско претприемништво и на Здружението на бизнис жени.

Нагласи дека жените имаат проблем во основањето, водењето и секојдневните активности во своите бизниси заради, како што рече, поголемиот товар што го имаат во семејството.

Над 17 илјади жени останале без работа поради кризата предизвикана од Ковид-19. Интересот за основање на сопствен бизнис воден од жени е намален бидејќи женското претприемништво најчесто е поврзано со дејности кои поради пандемијата беа затворени велат од Здружението на бизнис жени во Македонија. Неформалните бројки говорат дека околу 30 проценти од бизнисите се основани од жени, но нема официјален статистички број за тоа колкава точната бројка.

Националната платформа за женско претприемништво, додаде, треба да се изгради како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси, и да овозможи промовирање на жените претприемачки како двигатели на промените. Јакнењето за женското претприемништво, посочи, ќе придонесе за економско јакнење на државата и општеството.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека политиките и мерките кои ги презема Владата се во насока на создавање на кохезија.

За креирање на вистински политики кои ќе придонесат за унапредување на женското претприемништво во земјата потребно е да се обединат сите главни чинители, што ќе се постигне преку креирање на Националната платформа за женско претприемништво, чија промоција се случи денеска во хотел Хилтон, на коференција на која учествуваа министри, високи претставници на Делегацијата на ЕУ, дипломати и претставници на деловната заедница. Платформата е во рамките на истоимениот проект, кофинасиран од Европската Унија, како дел од ИПА Програмата за Граѓанско општество и медиуми. Носители на платформата се: Здружението на бизнис жени, Сојуз на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување–МИР.



Проектот е имплементиран од: