НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Kick OFF

Промоција на Националната платформа за женско претприемништво

Националната платформа за женско претприемништво, беше промовирана на 21 мај во хотел Хилтон, со конференција на која присуствуваа основачите на платформата, министри, високи претставници на ЕУ, дипломати и претставници на невладиниот сектор и бизнис заедницата. Учесниците се согласија дека за креирање на вистински политики кои ќе придонесат за унапредување на женското претприемништво во земјата потребно е да се обединат сите главни чинители преку Националната платформа за женско претприемништво.

„Преку Национална платформа за женско претприемништво сакаме да ги споиме сите активни чинители на ова поле и да создадеме поголема критична маса која ќе ја покаже потребата од посериозен пристап, во создавањето на можности за раст и развој на женското претприемништво во нашата држава. Главна цел на проектот е, зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, за креирање на јавни политики и застапување во областа на женското претприемништво. Со инвестирањето во жените ќе се зголеми родовата еднаквост во општеството и ќе се промовира инклузивен и одржлив развој“, рече Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа за женско претприемништво и на Здружението на бизнис жени.

„Загрижувачки е фактот што додека се поголем број на држави во Европа, воведуваат законски загарантирано, учество на жени на високи и одлучувачки функции, кај нас се бележи голем негативен тренд на ова поле. Податоците покажуваат, дека застапеноста на жените на високи корпоративни позиции, се намали од 2 на 1 %.  За да се надмине оваа состојба, и да се постигне економско јакнење на жените, потребни се нови политики, кои ќе ги гарантираат заслужените позиции на жените, вреднувањето на нивните квалитети, квалификации, способност и спречување на дискриминација при професионалното напредување“, рече Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори. 

„За многу рурални жени, развивањето на женското претприемништво, значи ставање крај на сиромаштијата, постигнување на безбедност со храна, промовирање на одржливо земјоделство и постигнување на родова еднаквост во руралните средини. Затоа е многу важно вклучување на жените во одлучувачките процеси на земјоделското стопанство и создавање на можности да развиваат деловни активности. Жените од руралните средини, се вклучени во неформални активности и имаат многу малку можности за вработување, а се уште само 5 % од земјите , имаат права за сопственост “, рече Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери, истакнувајќи дека Националната платформа за женско претприемништво е голем чекор кон економско јакнење на жените.

„ Со креирањето и имплементацијата на Националната платформа за женско претприемништво, сакаме нашето, и искуството на сите наши соработници, да го примениме во процесот на развој и креирање на политики и реформи, да извршиме олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни, да ги подобриме капацитетите на граѓанските организации кои поддржуваат женско претприемништво како и да ја зголемиме видливоста за жените претприемачи како двигатели на промени во економската политика, рече  Емилија Андоновa, проект менаџер во  Фондација за менаџмент и индустриско истражување – МИР.

На промотивниот настан, беше потпишана Декларација за поддршка на женскотопретприемништво.



Проектот е имплементиран од: