Националната платформа за женско претприемништво е во рамките на истоимениот проект, кофинасиран од Европската Унија, како дел од ИПА Програмата за Граѓанско општество и медиуми. Реализатори на Националната платформа за женско претприемништво се Здружението на бизнис жени, Сојуз на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување-МИР.
Главна цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спојување на постојаните мрежи во единствена платформа, што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа. Националната платформа за женско претприемништво е проект кој трае 36 месеци и ги опфаќа следниве активности :
Создавање на Националната платформа за женско претприемништво
Организирање на работата на Националната платформа за женско претприемништво на национално, регионално и локално ниво
Организирање на активности за градење на капацитети
Организирање на активности на жени претпприемачи амбасадори