НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Тематска група – “ПОЛИТИКИ И ПРОГРАМИ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО“

Тематска група – “ПОЛИТИКИ И ПРОГРАМИ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО“

 

Активностите на тематската група се очекува да бидат корисни во однос на дефинирање и давање совети за креирање на поширок контекст на политики и програми во рамки на кои ќе се придонесе кон развојот на женското претприемништво.

За препознавање и решавање на предизвиците со кои се соочува  развојот на женското претприемништво, Националната платформа на женско претприемништво  во рамки на својот Проект, во следните 30 месеци  ќе организира три различни тематски групи,  кои ќе работат во функција и  развој на препораките, за подобрување на условите во избраните области,  Тематската група “Политики и програми за женско претприемништво”  е оперативна група на Националната програма на женско претприемништво, која има советодавна функција за делокругот на работење и областите на интервенција, како што се политики и програми за женско претприемништво, пристап до финансии, или други аспекти.

Во првиот период предвиден со Проектната програма, во тек е формирање на првата Тематска група, која ќе работи на политики и програми за женско претприемништво а во следните  три месеци ќе ги одржи планираните три состаноци.

Оваа тематска група ќе работи на разгледување, советување и креирање на мислења и активности, потребни за промената на политики и програми за женското претприемништво.

До крајот на проектот, секоја следна година ќе работи по една тематска група, составена од најмалку 15 членови учесници во Проектот  а резултатите од тематските групи ќе се објават преку посебна кампања со вклучување на сите медиуми.

Истите ке бидат презентирани на годишните самити во рамки на проектот кој се планира да се одржуваат секој ноември до завршување на Проектот.

 

Проектот е имплементиран од: