НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Прв состанок на Тематската група – Насоки за политики и програми во женското претприемништво, од сите сектори на работење

Прв состанок на Тематската група – Насоки за политики и програми во женското претприемништво, од сите сектори на работење

Тематската група “Политики и програми за женско претприемништво, својата прва средба  ја имаше денеска ( 25 август) а која заради тековните состојби со Ковид пандемијата се одржа онлајн. На состанокот присуствуваа сите пријавени членови на Тематската група со многу конструктивни идеи, насоки и дискусии. Тематската група, ќе работи на политики и програми за женско претприемништво и во следните  три месеци ќе ги одржи уште двата  планирани  состанока. Оваа тематска група ќе работи на разгледување, советување и креирање на мислења и активности, потребни за промената на политики и програми за женското претприемништво.

Состанокот го водеше Даниела Антоновска, проектен координатор од Федерацијата на фармери на Македонија.

Проектот беше претставен од Елена Блажевска проектен асистент од Здружението на бизнис жени , кое е носител на проектот заедно со уште три организации а кој е кофинансиран од Европската Унија. Проектот е обемен и сеопфатен и затоа е потребно да се престави неговата организираност, функционирање, сите советодавни и акциски тела, како и меѓународното функционирање на Платформата и сите други дополнителни делови.

Од страна на  вториот носител на проектот, Сојуз на стопански комори на Македонија, Мими Шушлеска  зборуваше за делот за воспоставување на функционална структура на женското претприемништво и насоки за поставување на посебни мерки за жени претприемачи.

 

На состанокот присуствуваше и Љубица Пендаровска претставник од  организацијата ЖенитеЗаСајберот (Women4Cyber North Macedonia) кое е Национално Поглавје на Women4Cyber Foundation (основана од Европската Организација за Сајбер Безбедност). Таа даде насоки за сајбер безбедноста, образовното и професионално ниво, кое треба да се следи во овој дел на сајбер заштитата на жените.

Општо за  луѓето со попреченост а посебно за жените со попреченост во развојот зборуваше Марија Демишковска од ИСЛА, ИВАНОВ ШКОЛА ЗА ЛИДЕРИ – АЛУМНИ АСОЦИЈАЦИЈА (ИСЛАА). За дизајнот  пак на микро малите бизниси со повеќегодишно искуство  зборуваше Весна Аврамовска од МАТА .

На состанокот беа опфатени и жените од руралните средини на кои им се потребни големи напори на сите чинители за нивно зајакнување и од Даниела Цветановска претседател на Агролидер, здружение кое се грижи за жените во Пелагонискиот регион, потоа Васка Мојсовска претседател на Национална Федерацијата на фармери, која ги напомена потребните напори за жените во земјоделието како и Фросина Ѓорѓиевска од Ресен, одговорна за реонот на овоштарието, агрохемиската лабараторија и жените во Пелагонискиот регион- ЛАГ АГРО ЛИДЕР– здружение за рурален развој кој овозможува заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а преку информирање, едукација и активирање на населението обезбедува долгорочен развој на руралните средини во Пелагонискот регион.

Плодната дискусија во овој правец беше дополнета и од Деспина Поповска Стојанов од Земјоделскиот  институт на  УКИМ  – СКОПЈЕ, кој е една од најстарите научно-истражувачки организации од областа на земјоделството во Македонија, формиран уште во далечната 1944 година, и моментално е водечки истражувачки институт во поглед на растителното производство. Во делот на дискусијата за состојбата на жените претприемачи во руралните средини  се вклучи и Жаклина Голчева од Зрновци која е активна во сферата на самовработување и консултантски услуги.

Како претставник на МАСИТСтопанска комора за информатички и комуникациски технологии,  ја претставува Македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето присуствуваше Валентина Тасева директор на СЕМОС едукација ,25 години во ИКТ секторот. Од сферата на текстилната индустрија присутна беше Наташа Сивевска, Извршен директор на текстилен кластер, кои вршат промоција на жените во оваа  индустрија

Од МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН  – Гостивар, присуствуваше проф Весна Попоска, Декан на Правниот факултет , кој Универзитет се состои во генерирање на знаење и наука како и создавање и негување на различните културни вредности во општеството.Наставата се одржува на македонски и турски јазик. Самиот Универзитет го опфаќа  полето на едукацијата но и  полето на женското претприемништво.

Ксенија Вангелова од БИСЦР  Струмица,  сеопфатно зборуваше за предизвиците и решавање на проблемите околу вработување на жените и нивна поголема економска стабилност.

За целосната Национална платформа, нејзината поставеност и стратегија, родова интегрираност во сите сфери, пристап до финансии и пристап до информации детално образложи Валентина Дисоска, претседател на Здружение на бизнис жени  и претседател на Националната платформа на женско претприемништво.

 

 

„Жените сепак според статистиките не се сеуште родово рамноправни во сите сфери на нивно професионално работење, како, ИКТ сферата, руралниот свет, текстилните претпријатија и слично. Таа истакна дека во следниот период е потребно сеопфатно врамување на сите чинители како и работа на законската регулатива .

Со задачи до следниот период за сите членови на Тематската група, следниот втор состанок  е закажан за 16. Септември, на кој со претходните заклучоци ќе се добие основа за понатамошно развивање  на потребните насоки за соодветни законски решенија, кои ќе бидат основа за  имплементирање на идни политики и програми во женското претприемништво.

Проектот е имплементиран од: