НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Членови на тематската група – Политики и програми на женско претприемништво

Членови на тематската група – Политики и програми на женско претприемништво

По објавениот повик за Членови на Тематската група која ќе работи на политики и програми на женско претприемништво, заедно со основачите се формира ова тело на Националната платформа за женско претприемништво. 

 

Членови се :

 

 

Здружение на бизнис жени


Здружението на бизнис жени  е специфичен и компетентен партнер во дијалогот со Владата, невладините организации, и приватниот сектор, кој придонесува за социјалниот и економскиот развој, ставајќи посебен акцент на женското претприемништво како фактор на економски раст. Здружението игра водечка улога во организирањето на дијалогот и соработката помеѓу бизнис жените, со цел да се поддржат и да се промовираат женските претприемачи во Македонија и во регионот.

Здружението на бизнис жени  беше официјално основано во јули 2010 година како невладина организација која активно работи на унапредување и зајакнување на женското претприемништво во земјата и во регионот. Женското претприемништво како посебна гранка за економски развој во приватниот сектор како и во државните институции и здруженија, не е јасно претпознатливо. Здружението на бизнис жени со текот на времето, преку многу активности придонесува женското претприемништво да биде признаено како посебен ентитет за зајакнување на економијата во земјата. Како краен резултат на признавањето и промовирањето на активностите на нашето здружение, во декември 2018 година беше изгласана Националната Стратегијата за Женско Претприемништво која Здружението ја изработи во соработка со Министерството за економија на Република Северна Македонија.
Здружението на бизнис жени  активно работи на подобрување на условите за жените во бизнисот и со тоа станува препознатлив ентитет и сега веќе има повеќе од 300 члена, жени претприемачи.

 

 

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување


Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување е приватна непрофитна фондација основана во 2002 година со мисија да го поттикнува економскиот раст.

Главните цели на Фондацијата се: поддршка на одржливиот економски раст и конкурентноста, придонес кон зголемено вработување и учење во општество засновано на знаење, промовирање на социјалната кохезија и благосостојба, и
заштита и унапредување на животната средина. Изведуваме истражувања, технолошко базирани проекти, придонесуваме кон развојот на политики и обезбедуваме услуги за поддршка во следните главни области: економски развој, истражување и иновации, животна средина и општество. Концептот на одржлив развој со неговата економска, еколошка и социјална димензија претставува основа за реализација на нашата мисија.

Работиме во партнерство со македонските компании за да им помогнеме да се развиваат, иновираат и воспостават бизнис и технолошки партнерства на глобалниот пазар. Истражуваме и иновираме за да го поддржиме растот на економијата и општеството.
Соработуваме со претпријатијата за да им помогнеме да се развиваат и да пристапат до глобалните пазари. Промовираме еко-иновации за генерирање на бизнис можности. Ја поттикнуваме социјалната кохезија во насока на економски развој и одржлив раст.

 

 

 

Сојуз на стопански комори на Македонија

 

Сојуз на стопански комори на Македонија е најголемата независна деловна организација во Македонија која ги застапува интересите на сите стопански субјекти членови на комората.

Покрај големите компании, а имајќи го предвид фактот дека малите и средни претпријатија се движечка сила на секоја економија и дека нивниот развој, долгорочно гледано, води кон јакнење на целокупната економија, разбирливи се заложбите на ССК за развој и поддршка на малите и средни претпријатија.

Развојот на малите и средни претпријатија и на претприемништвото доби своја афирмација во македонското стопанство не само како средство за негување и унапредување на претприемнички дух, туку и за поттикнување на свеста во насока на конзистентната потреба од промени и реформи на економската сцена, како еден од главните приоритети на ССК.

Сојуз на стопански комори на Македонија овозможува пристап до информации, бази на податоци, едукација за претприемништво, правни совети, помага во пронаоѓање на деловни партнери, известува за домашни и меѓународни тендери, овозможува настапи на
саеми, обезбедува информации за извори на финансирање.

 

Национална федерација на фармери

 

Националната федерација на фармерите е невладина и непрофитна организација која ги застапува земјоделците од сите региони на Македонија и сите земјоделски потсектори.

НФФ има за цел да ги штити економските, социјалните и културните интереси на фармерите, работи на подобрување на пазарните и производните услови во насока на одржлив развој и висок квалитет во земјоделството и руралниот развој. Мисијата на НФФ е Организиран фармер лидер во земјоделскиот и руралниот развој на РСМ додека пак визијата на организацијата е профитабилно земјоделство-стабилно село.

Организацијата брои 3000 членови, а повеќе од 30% од членството се жени. Преку лобирање и застапување организацијата дејствува за признавање и подобрување на состојбата на земјоделците во општеството и нивното влијание врз донесување одлуки. Како резултат на тоа направени се бројни измени во националните политики за земјоделство и рурален развој. Како основен дел од работата на НФФ е и родова еднаквост и зголемување на учеството на жените во процесот на донесување одлуки, економско јакнење на жените од руралните средини и нивно активно вклучување во креирање на земјоделската политика.
Составен дел на НФФ е и Мрежата на жени фармери со национална координаторка и осум локални координаторки.

 

 

УКИМ – Земјоделски институт, Скопје 

Земјоделскиот институт е една од најстарите научно-истражувачки организации од областа на земјоделството во Македонија, кој е формиран уште во далечната 1944 година, и моментално е водечки истражувачки институт во поглед на растителното производство, а од 2009 година фукнционира како единка на најпрестижниот македонски универзитет – Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Главните дејности на Институтот се образованието, научното истражување и апликативната дејност на научните резултати во пракса.

МАСИТ

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии  МАСИТ ја претставува Македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.
Комората ги претставува компаниите кои работат со широк спектар на ИКТ производи и услуги во Македонија и од своето основање во 2000 година, како непрофитна и волонтерска институција, на своите компании членки им овозможува пристап до информации, едукација, правни совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно ниво, се со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата.

 

 

ЖенитеЗаСајберот

 

ЖенитеЗаСајберот Северна Македонија (Women4Cyber North Macedonia) е Национално Поглавје на Women4Cyber Foundation (основана од Европската Организација за Сајбер Безбедност).

Водени од Мисијата да помогнеме во надминување на родовиот јаз во сајбер безбедноста, наша главна Цел е да го поттикнеме, поддржиме и унапредиме учеството на девојките и жените во сајбер безбедноста, преку стекнување вештини, пре-квалификација и до-квалификација, на образовно и професионално ниво.

 

 

Здружение за рурален развој – ЛАГ АГРО ЛИДЕР

 

Здружението за рурален развој ЛАГ АГРО ЛИДЕР овозможува заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а преку информирање, едукација и активирање на населението ќе обезбеди долгорочен развој на руралните средини во Пелагонискот регион. 

Главна цел и задача на АГРО ЛИДЕР КРИВОГАШТАНИ е да промовира и придонесе кон одржлив рурален развој на територијата на општините Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп преку иницијативи, партнерства и користење на постоечкиот ендоген потенцијал.

ЛАГ Агро Лидер континуирано работи на подобрување на животот на населението во руралните средини, со особен фокус на жени и млади од руралните средини. 

 

 

Иванов школа за лидери – АЛУМНИ АСОЦИЈАЦИЈА (ИСЛАА)

 

Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијација (ИСЛАА) е организација со седиште во Скопје, во којашто живее и се развива духот на преку 400 млади луѓе од Република Македонија и светот коишто се стремат да бидат предводници во соочувањето со предизвиците на современото време.

Дејностите на делување на ИСЛАА се од голема палета на области, како што и самата идеја на Школата за лидери да промовира и мотивира лидерство на секоја функција и во секоја област со цел загарантиран напредок. Сите ние на одреден начин го моделираме нашето општество, нашите заедници.

Членовите на организацијата постојано се вклучени во бројни процеси кои имаат за цел да да помогнат и да го олеснат процесот на генерирање на решенија за надминување на тековните предизвици во бројни области и подобрување на целокупната инфраструктура. Ова се рефлектира преку бројните обуки, семинари и конференции организирани од ИСЛАА во соработка со државни органи и институции, со цел да се подобри сегашната состојба во државата преку заедничка соработка и взаемна поддршка. Ние сме лидери кои активностите ги насочуваме во правец на понудување на нови решенија, нови визии и нови погледи во овој забрзан свет.

 

 

 

 

Здружение на жени менаџери – ЕЛИТ 

 

Здружението на жени менаџери ЕЛИТ е основано во 2009 година од страна на 15 основачки-успешни деловни  жени, менаџерки и лидерки во својот бизнис. Изборот на новите членки е по пат на менторство при што основен критериум е нивната професионалност, успех и лидерство кои тие  ги поседуваат.

Оперативна програма на здружението  е усогласена  со  нашата главна определба да ги охрабриме жените да завземат одлучувачки позиции односно преку бројните проекти, активности и мотивациски говори да го  поттикнеме женското лидерство во бизнисот и другите  сфери на општеството, со што ќе се зголеми  нивниот  капацитет во процесите на раководење и донесување на одлуки.Воедно постојано го поттикнуваме женското претприемништво  со цел  да се  зголеми нивната улога во растот на македонската економија, да се зголеми вработеноста  и подобри квалитетот на живеење.  Со економското јакнење на жените, нивната постојана едукација, директно се влијае на намалување родовата нееднаквост во бизнисот, која е една од фундаменталните цели на ЕУ.

 

 

 

Меѓународен Универзитет ВИЗИОН

 

Меѓународната мисија на Меѓународниот Универзитет Визион (МУВ) – Гостивар, се состои во генерирање на знаење и наука како и создавање и негување на различните културни вредности во општеството. Во овој склоп, основната мисија на Универзитетот претставува квалитетно образование на млади кадриод различни етнички заедници во квалификувани и компетентни стручњаци спремни да конкурираат на националниот и на меѓународниот пазар на знаење и на труд.

 

 

 

Здружение на рурален развој „ЈАВОР“ – Зрновци 

 

Здружението за рурален развој „ЈАВОР“ – Зрновци е невладина, непартиска, непрофитна организација формирана далечната 1997 год. како еколошко друштво Јавор. Во 2010 год при последната законска пререгистрација на невладините организации во Р.Македонија, го менува само предзнакот како здружение за рурален развој бидејќи во текот на своето постоење одсекогаш обработува теми и спроведува проекти кои го тангираат руралниот развој на регионот на општина Зрновци, но и пошироко, на национално и интернационално ниво.

 

 

Еко Партнерс -Гостивар

 

Еко Партнерс е здружение на грагани со седиште во Гостивар и работи на градење на јак локален и регионален развој кој што ке овозможи заштита на животната средина ,развој на еко туризмот, раст на органското производство создавајки услови за нови зелени работни места и оддржливост на дестинациите .

Проектот е имплементиран од: