НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Барометар за женско претприемништво 2021

Барометар за женско претприемништво 2021

Помогнете ни да го најдеме најдобриот начин за поддршка на растот на жените претприемачи

 

Ако погледнеме во изминатата година, се чини дека најлошите моменти од сегашната криза

предизвикана од пандемијата, се зад нас и можеме да се фокусираме на повторно растење на нашите економии и општества. Ова ни отвара можности да разгледаме што им е потребно на жените претприемачи за да започнат и развиваат просперитетен бизнис.

Националната платформа за женско претприемништво спроведувана од Здружение на бизнис жени, во партнерство со Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери, ко финансирана од Европската Унија спроведува истражување на потребите на жените претприемачи.

Целта на оваа анкета е да се откријат перцепциите и размислувањата на жените претприемачи во врска со различни аспекти на почнувањето и водењето сопствен бизнис. Прашањата се однесуваат на следните аспекти: основни податоци за испитаничките; општи перцепции во однос на условите за отпочнување и водење сопствен бизнис; мотивација, предизвици и потреби на жените претприемачи; лични искуства; влијанието на пандемијата на КОВИД-19 и предлози за подобрување на актуелните состојби. Податоците што ги собираме од анкетата ќе го помогнат нашиот процес во планирање на активности  во наредните месеци, како и ќе влијаат на  процесот на донесување одлуки на креаторите на политики.

Ова е време кога ни се потребни вашите сознанија и искуства за да ги идентификуваме најдобрите практики во различни европски земји, но и слабите точки и предлозите за тоа што може да се направи подобро. Не ја пропуштајте оваа шанса за активно учество во историско закрепнување што навистина може да го искористи целиот потенцијал за раст на бизнисите предводени од жени.

 

Анкетата може да ја пополните на следниот линк: shorturl.at/stMN5  

Проектот е имплементиран од: