НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОНУДИ – НАБАВКА НА НАГРАДИ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКА НА ГОДИНАТА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОНУДИ – НАБАВКА НА НАГРАДИ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКА НА ГОДИНАТА

Проектот ,,Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)”, кофинансиран од Европската Унија, ОБЈАВУВА  Јавен повик за понуди-набавка на награди за претприемачка на годината.

 

Здружение на бизнис жени со седиште на улица “Хтристо Татарчев“ бр.25 во Скопје, (Нарачател) кое  е еден од партнер организациите, кои го спроведуваат проектот ,,Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)” финансиран од Европската Унија, во соработка со Здружение на Бизнис жени, Фондација за менаџмент и индустриско производство МИР и Сојуз на стопански комори Ви доставува Барање за прибирање на понуди за набавка на награди за претприемачка на годината.

Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од Управата за јавни приходи без ДДВ заради исплата на средства од грант од Европската Унија.

 

Цел на проектот :

 

Општа цел на проектот: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на ЖП со спојување на постојните мрежи во единствена платформа, што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

 

Специфични цели :

  • Градење на национална платформа за женско претприемништво како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси
  • Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни на национално и локално ниво
  • Подобрување на капацитетите на граѓанските организации кои работат на полето на женско претприемништво за политики, застапување и соработка со националните и локалните власти
  • Промовирање на жени претприемачки како двигатели на промени во јавната политика и (младинското) економско зајакнување поврзани со ЖП
  • Придонес кон видливоста и опфатот на платформата

 

  1. Предмет на понудата

 

Предмет на прибирање на понуди е :

  • Набавка на 9 награди за жена претприемачка на годината во рамки на настан- Годишен самит
  • Набавката е дел од буџетска линија 5.7.7.Награди за годишен самит во 2021, 2022 и 2023 г.
  • Набавката е дел од Активноста 2.1 Организирање на годишен самит. Активноста ќе се спроведе во периодот од ноември 2021 до ноември 2023 г. секоја година во ноември ќе се одржи по еден самит. По три награди ќе се продуцираат секоја година за потребите на годишните самити.  
  • Опис на потребните услуги
  • Набавка на вкупно 9 награди за успешна жена претприемачка на годината. За 2021 г. ќе се набават три награди во три категории. Категориите за награди ќе бидат дополнително утврдени и добавувачот ќе биде навреме известен за категориите и текстот на наградата.
  • Три награди ќе се набават во 2021, три награди ќе се набават во 2022г. и три награди во 2023г.
  • Набавката е дел од проектната активност 2.1 Организирање на годишен самит.
  • Наградите треба да бидат изработени во креативен дизајн со текст на македонски јазик, кирилично писмо, кој ќе биде дополнително утврден по договор.
  • Материјалот на изработка на наградите ќе биде дополнително утврден зависно од понудените цени по материјал на изработка.
  • Димензиите на наградите да се движат од почетни 25смх30смх20см
  • Цената треба да е фиксна и изразена во денари. Цената треба да биде прикажана без ДДВ, а износот на ДДВ да се прикаже одделно.
  • Критериуми за избор и начин на  плаќање
  • Изборот на најсоодветната понуда ќе биде извршена според принципот “најниска цена на понуда”
  • Плаќањето ќе биде извршено по финалната изработка на наградите и нивното одобрување од страна на донаторот.  
  • Плаќањето ќе биде извршено на годишно ниво, односно по изработка и одобрување на истите од страна на донаторот.  
  • Процедура за пријавување и краен рок на пријавување
  • Цените да бидат прикажани одделно зависно од типот на материјалот на изработка, дизајнот и големината /димензиите на наградите.
  • Покрај понудата испратете и ваше портфолио со слики и рефенци за изработка на награда за претходни клиенти.
  • Понудите треба да бидат доставени на ваш меморандум со јасно изразени цени без ДДВ и ДДВ прикажан одделно.
  • За повикот /барањето можат да се пријават физички лица /или правни субјекти.

 

Краен рок за доставување на понудите во форма на комплетно портофолио со опис и скици, е  26.10.2021 до 16.00ч. исклучиво по електронска пошта на адреса: [email protected]

Понудите што ќе бидат доставени по овој рок нема да бидат земени предвид.

 

  • Известување на понудувачите

По завршување на евалуацијата на доставените понуди ќе бидете известени за направениот избор. Известувањето ќе биде направено по електронски пат на маил адресите наведени на вашиот меморандум.

Проектот е имплементиран од: