FCEM е здружение кое обединува жени деловни лидери од целиот свет. После 70 години постоење, мрежата FCEM вклучува повеќе од 120 земји, пет милиони компании на пет континенти. Од 2017 година Претседател на оваа Светска организација за женско претприемништво е Marie-Christine Oghly а истата година за потпредседателската функција е избрана Kateřina Haring од Чешка-Моравија . За ова искуство таа пишува а во исто време е и претседател на Чешко-моравската асоцијација на претприемачи и менаџери (ČMAPM). За овие свои искуства таа пишува:
-„Како прва жена од Централна и Источна Европа, во 2017 година бев избрана за раководство на светската асоцијација на претприемачи ФЦЕМ, каде што сум потпретседател за Европа. Благодарение на мојата работа во водењето на двете здруженија, им помогнав на голем број жени од различни области во развојот на нивниот потенцијал и вработување во кариерата и изнаоѓање нови можности не само во Чешка, туку и во други земји. Со моето богато искуство сакам да поддржам креативни и талентирани луѓе, а со тоа да придонесам за зголемување на конкурентноста на чешкото општество.
Мојата мисија е да им дадам можност на талентираните луѓе да го развијат својот потенцијал, а со тоа да изградат модерна, самоуверена земја од Чешка, која ќе биде пример за успешно развојно општество во денешните променливи времиња.
Моментално сум претседател на Чешко-моравската асоцијација на претприемачи и менаџери (ČMAPM), која е прва и најдолговечна организација од ваков тип кај нас. За време на мојот мандат бројот на членови се удвои. Денес, организацијата претставува компании со вкупен обрт од над 4 милијарди круни и вработува повеќе од 40.000 луѓе во Чешка.
Kateřina Haring е сопственичка на моравската компанија Dynamic Group и припаѓа на ранг листа од 135 највлијателни жени во Чешка. Но, според податоците таа минатата година се соочила со најтежок период во нејзиното претприемачко работење во екот на пандемијата, нејзиниот бизнис бил тешко погоден од коронавирусот на самиот почеток на пандемијата.
Само во текот на една недела во февруари 2020 г. нејзината компанија, која подготвува изложби, штандови и презентации за клиенти на клучните европски саеми , доживеала голема штета и Dynamic Group загубила два милиони евра за неколку дена. Секако дека ваквите предизвици за неа се иако навидум чекор назад во работењето, предизвик за градење на уште посупешна компанија.
На Самитот во Скопје ќе зборува за своите искуства во светот на женското претприемништво и сигурно пренесувајќи ја својата успешна приказна, ќе даде нови насоки и видици на учесниците на настанот, и на оние кои се веќе во светот на бизнисот и на оние кои размислуваат дали и како да почнат. Претприемачките, гости на Самитот ќе имаат можност да го чујат нејзиното богато искуство во оваа сфера со кое им помогнала на голем број жени од различни области, во развојот на нивниот потенцијал и вработување во кариерата и изнаоѓање нови можности не само во Чешка, туку и во други земји.
Нејзината цел е да ги поддржува креативните и талентирани луѓе туку од целиот свет.
Извор: https://www.linkedin.com/in/katerina-haring-87b62888/