НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

САМИТ 2021 -ГАБРИЕЛА КОСТОВСКА БОГОЕСКА- Треба да направиме обединување на сите чинители кои се значајни за сите аспекти за женското претприемништво

САМИТ 2021 -ГАБРИЕЛА КОСТОВСКА БОГОЕСКА- Треба да направиме обединување на сите чинители кои се значајни за сите аспекти за женското претприемништво

Габриела Костовска Богоеска e ко-основач и извршен директор во Фондацијата за менаџмент и индустриски истражувања МИР, и е координатор на Советот за женско претприемништво при европската иницијатива  WEgate.

Габриела е машински инжинер по вокација, со  повеќе од 15 години  искуство во бизнис и иновативни активности, за поддршка кон зголемена конкурентност на бизнис секторот и севкупниот одржлив развој.  На полето на женското претприемништво Габриела е национален координатор на Европската мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија, а од 2021 година е и вршител на должноста заменик претседател на Националната платформа за женско претприемништво. Воедно е потпретседател на Секторската група за женско претприемништво која делува во рамките на најголемата мрежа за подршка на бизнисот Enterprise Europe Network, а од 2020 година е и координатор на Советот на организации во рамки на наголемата Европска иницијатива  за подршка на женското претприемништво WEgate.

Како што самата вели за себе, влегла во овој свет на  иновации и претприемништво случајно “или не“ а дека е бескрајно благодарна за среќата што и се насмевнала и можела да учи од еминентни професори од овие области. Со професорите од кои учела, работеле на заеднички проекти и од нив имала можност да  преземе многу вештини во работењето и пренесување на знаењата кои и се корисни до ден денес.

 “Почетоците на мојата работа се врзани со производствениот сектор  како машински инжинер од каде продолжив со постдимпломското образование и каде се запознав и со многу еминентни странски имиња и ги запознав претставниците со СИНТЕФ  од Норвешка, еден од најголемите истражувачки центри во Европа. Така влегов во овој свет на иновации и истражувања, кој за мене е прекрасен.“- ни изјави во разговорот г-ѓа Костовска Богоеска.

Таа работи најразлични проекти од бизниси и иновациска подршка, од политики за развој, имплементирање на програми на ниво на сектори, до програми за унапредување  на ниво на самите на  компании. 

За Националната платформа за женско претприемништво смета дека е  значајна иницијатива но и голема одговорност. – „ Треба да направиме обединување на сите чинители кои се значајни за сите аспекти за женското претприемништво, кое не смее да се гледа во изолација и одвоено од целокупниот економски систем. Родовата еднаквост е многу важна и треба да се постигне баланс во развојот  – вели Габриела и потенцира дека  треба да се зајакне присуството и на локално ниво, жените треба да имаат место каде ќе може да се обратат, и тоа да биде присутно на сите полиња на делување и видливост.

 

Габриела е дел од низа иницијативи од локално до светско ниво! Член е на разни институции и групи на Балканот и  Европа каде со цела енергија, се повеќе се етаблира во креирање на јавни политики на највисоки нивоа на Европа и свет. Со нејзините знаења и енергија како и умешност за работа и вмрежувања на различни чинители, вклучена е во работата  на сите највисоки светски и европски нивоа од сферата на женското претприемништво.

На Самитот 2021 “Нови перспективи за женско претприемништво“ што ќе се одржи во Скопје, Габриела Костовска Богоеска, ќе учествува во панел дискусијата „Меѓународни искуства и успешни приказни во поддршка на женското претприемништво „ на првиот ден од настанот, 18 ноември. Таа и овој пат има што да сподели  и  како да ги насочи оние претприемачки на кои тоа им е потребно, ќе даде  насоки како да ги користат сите мерки кои постојат за подобрување, вмрежување, подржување едни со други . Нејзиниот постојан мотив е дека само со отворен пристап ќе се дојде до  потребната видливост, за сите заедно да се изборат за да се остварат  сите потреби на жените претприемачки.

 

 

Проектот е имплементиран од: