НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Самит за женско претприемништво 2021- Панел дискусија на тема „ Преструктуирање како последици од Ковид 19, и како понатаму “

Самит за женско претприемништво 2021- Панел дискусија на тема „ Преструктуирање како последици од Ковид 19, и како понатаму “

На првиот ден од одржување на Самитот за женско претприемништво 2021, на 18. ноември ќе се одржи панел дискусија на тема: “Поглед кон иднината на женското претприемништво “ (последици од Ковид, преструктуирање и како понатаму треба да се движи женското претприемништво)“. Панелисти ќе бидат Валентина Тасева од СЕМОС Едукација, Даница Личaнин Блажеска -сопственик на Рептил Маркети и Васка Мојсовска, сопственик на Агро Калем и претседател на Националната федерација на фармери.

Валентина Тасева, сопственик и директор на Семос Едукација и претприемач веќе 26 години.

Семос Едукација, од храбар стартап во далечната 1995 година, преку скоро тридецениското успешно постоење, посветена работа и конзистентност во квалитетот на обуките кои ги нуди, денес е лидер во неформалната и професионална IT едукација.

Препознатливоста на компанијата на пазарот, многубројните признанија за успешно работење, бројот на задоволни слушатели кој надминува 100 000, воведувањето на најголемите имиња од IT индустријата како Microsoft, Oracle, Cisco, ISTQB, Adobe, Autodesk и многу други преку спроведување сертифицирани обуки од истите вендори и успешните соработки со домашните компании-партнери се само дел од квалитетите кои ја позиционираат Семос Едукација меѓу најпрогресивните компаниии во државава но и во регионот.

„Бизнис заедницата, посебно младите претприемачи кои ги поставуваат темелите на своите стартап бизниси, треба да ги зацврстат со многу работа и вложен напор, одрекувања но и ризици кои не само што ќе му дадат стабилна основа и позитивен имиџ на бизнисот, туку и ќе придонесе за тоа да се изградите како личност и да носите помудри одлуки во иднина“, вели Валентина Тасева, сопственик и директор на Семос Едукација и косопственик на CertiAdria.

„Ние бизнисот го гледаме како постојан процес кој инспирира, поставува предизвици, креира можности и иновативни решенија и создава синергија помеѓу луѓето, производите и поставените цели.  Квалитетот на обуките кои ги нудиме и задоволните клиенти се императив во нашето работење, а успехот се должи на почитувањето на компаниските вредности, иновативноста, флексибилноста, следењето на најновите трендови во индустријата и на пазарот и постојаното вложување во главниот адут на компанијата- вработените.“, дополнува Тасева која својата умешност за водење бизнис ја потврдува и со зголемување на бројот на вработени, од 23 на над 40 и тоа во услови на Ковид пандемија, бројката на тренери надмина 100, а компанијата дополнително се прошири и преку отворање на канцеларија во Белград.

За флексибилноста, која се покажа дека е многу потребна во и после Ковид пандемијата и е неопходна за опстанок на компаниите, Валентина Тасева, како панелист ќе зборува пред присутните учесници на претстојниот Самит.

Даница Личанин Блажеска, сопственичкa на „Рептил“ маркетите.

Рептил маркетите се присутни  повеќе од 23 години на пазарот и со тоа има стекнато големо искуство за потребите и побарувањата  на купувачите. Покрај своите 15 маркети, „Рептил” не застана на традиционалниот начин на пазарење, туку ја следи динамиката на брзиот живот и недостатокот на време, па затоа отвори  нов канал за купување. Онлајн купувањето е прекрасна можност за сите кои сакаат да поминат повеќе време со семејството, пријателите и за постарите лица на кој излегувањето од  домот им е сe потешко.

Со Даница Личанин Блажеска, сопственичка на„Рептил“ маркетите е корисно да се разговара  околу активностите на компанијата, развојот и успехот на нивниот онлајн маркет www.marketonline.mk и плановите поврзани со е-трговијата.

Таа за својата успешна компанија вели

-“„Рептил” маркетите се познати како успешна домашна компанија, која има долгогодишно искуство на пазарот како ланец на маркети, а од 2017 година и со свој онлајн продажен канал за производи за секојдневна употреба наречен marketonline.mk. Токму она што го направивме две години пред појавата на Ковид пандемијата ни покажа дека однапред следејќи ги нашите иновативни  бизнис планови, можеме да се доближиме до нашите клиенти и купувачи, за да ги задоволиме нивните потреби и побарувања.

Токму тоа е предизвик за нејзината панел дискусија која секако ќе даде нови корисни насоки на учесниците ,претприемачките од светот на бизнисот за да најдат решенија и во  услови на пандемија, успешно да работат.

Васка Мојсовска сопственик на фирмата Агро Калем и претседател на Национална федерација на фармери.

Руралната жена треба сама да се избори за своите права вели Васка Мојсовска сопственик на фирмата  Агро Калем  од с. Тимјаник, Неготино која буквално ги  руши стереотипите во руралниот бизнис свет  во кој доминираат мажите. Нејзината компанија е семејна компанија која опстојува повеќе од 20 години во секакви услови, но не само што опстојува таа е компанија која оди во нагорна линија, проширувајќи ја својата дејност. Умешноста да се менаџира со толку голема фирма, а воедно да се биде и претседател на Националната федерација на фармери, покажува дека на секој кој има визија, цел и многу работи, успехот нема да изостане. Самата за растот на својата компанија Агро Калем која е најголемиот производител на лозов расад во Македонија вели :

-„Кога нешто се сака, ништо не е тешко, а кога немате избор што да изгубите, носите одлука со ризик која само може да ве понесе кон успехот. Aмбициите,  не ни беа толку големи, но нашиот постојан ангажман, размислување, работа и визија доведоа да создадеме вистински голема компанија“.

Она што е значајно е тоа дека, Васка Мојсовска како сопственик на Агро – Калем , жена претприемач и претседател на Националната федерација на фармери, на панел дискусијата ќе се обрати од флексибилноста во работењето, иновативните методи во областа на руралниот сектор за да се најдат нови можности кога се појавуваат непланирани состојби и предизвици. 

Настанот ќе се одржи на 18.11. 2021 година во Александар Палас, а Панел дискусијата сите заинтересирани можат да ја следат од 13 и 20 часот или живо во салата или на ZOOM аликацијата. 

Пријавувањето за учество на самитот се  уште трае . Затоа пријавете се на следниот линк: Пријава за учество на настан ,, Нови перспективи за женско претприемништво- Прв годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво или на маил адресата: [email protected]

Проектот е имплементиран од: