НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Националната платформа за женско претприемништво стана членка на FCEM- светска организација за женско претприемништво

Националната платформа за женско претприемништво стана членка на FCEM- светска организација за женско претприемништво

Во Истанбул во тек е 68. Конгрес на Женско претприемништво, кој се одржува под мотото „ Сами сме невидливи, заедно сме непобедливи“ .

 

На вчерашниот прв ден од Конгресот, едногласно беше донесена одлука, Националната платформа на женско претприемништво претставувана преку Здружението на бизнис жени, да стане членка на Светската организација на женско претприемништво FCEM.

Досега во оваа Светска организација на жени претприемачи, преку државните Организации на бизнис жени, членуваат  60-тина земји од сите континенти.

Пораките испратени од овој Светски конгрес на Женско претприемништво се поттик за понатамошни успеси и обединувања на жените претрпиемачи на светско ниво.

За Националната платформа на женско претприемништво и Здружението на бизнис жени, членството во оваа Светска организација  претставува голем поттик за понатамошно обединување, токму пред престојниот Прв Самит кој под мототот “Нови перспективи за женско претприемништво“ ќе се одржи на 18 и 19 ноември во Скопје .

 

 

Конгресот на FCEM по својата Агенда се одржува до 5. ноември во Истанбул и секако дадените насоки ќе бидат корисни на светско ниво, токму како што порачува и мототот “ Сами сме невидливи, заедно сме непобедливи“ .

 

 

Проектот е имплементиран од: