НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ВТОР СОСТАНОК НА СОВЕТОДАВНИОТ ОДБОР НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ВТОР СОСТАНОК НА СОВЕТОДАВНИОТ ОДБОР НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Со учествуво на претставниците од проектните партнери на Националната платформа за женско претприемништво , Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени и претседател на  Националната платформа, Елена Блажевска од Здружението на бизнис жени, Мими Шушлеска-Петкова од Сојуз на стопански комори на Македонија, Емилија Андонова од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување –МИР и Даниела Антоновска од Национална Федерација на фармери, на ден 03 декември, беше одржан вториот состанок на Советодавниот одбор на  Националната Платформа на  Женско Претприемништво. Советодавниот одбор на НПЖП,  е тело формирано со цел стратешки да ги насочува и поддржува активностите на Платформата, вклучувајќи ја и самата нејзина  транзиција од ЕУ кофинансирање кон самоодржливост.

Јована Тренчевска и Душица Перишиќ  претставници  од јавниот сектор, Јасмина Кантарџиева Димков од медиумскиот сектор, Маја Столевска Костадинова и Татјана Марковска од финансискиот сектор, Тања Томиќ од грѓанскиот и Тамара Јованов Апасиева , од академскиот сектор, на состанокот беа најнапред запознаени со сето она што е досега сработено а заокружено со Првиот  Самит за женско претприемништво, што во ноември во организација на Националната платформа се одржа во Скопје. Со презентација за најважните делови од заклучоците на Тематската група на тема „Политики и програми во женското претприемништво“ Секторската група на тема, „Жени во руралните средини и претприемништво“ ,  работата и функцијата  на Платформата www.weplatform.mk , работата на Радио подкастот „Жените зборуваат“. www.weradio.mk , видео подкастите “Тајната на успехот“,  како и објавување на Барометарот за женско претприемништво – ноември 2021 и Инфографиците, се даде сеопфатен пресек на досега сработеното и она што најитно следува во престојниот период а тоа е создавање на Локални хабови во осумте плански региони со што проектот од Национално ќе се прошири на локално ниво.

Во дискусијата на членовите на Советодавниот одбор се потенцираше потребата од едукација на жените во сите сегменти, за да бидат подготвени да влезат во светот на претприемништвото, се потенцираше и важноста на правилното информирање на сите нивоа од институционални до медиумски како и се дадоа предлози за соодветен понепосреден пристап кон сето ова.

Се истакна потребата од поголемо вклучување на Јавниот сектор но и поголемо ангажирање на локалните средини да можат жените да имаат пристап до финансии, едукации, вмрежувања и информации.

На последниот дел од состанокот се дискутираше за Акцискиот план кој со наслов  “Документ за јавни политики за жени претприемачки во руралните средини во Македонија” го подготви Александар Целески, дипломиран Економист и Сертифициран Менаџмент Консултант.

Се посочија елементи на кои треба да се води сметка при финализирање на овој Акциски план, со што би станал соодветна основа за понатамошна работа и најважно од се негова  примена во пракса.

Платформата на НПЖП е нешто кое што недостасуваше во нашата држава, и како проект се очекува дека ќе има директно и клучно влијание врз подобрување на економскиот статус на жената, беше генералниот заклучок на вториот состанок на Советодавниот одбор, со назнака дека треба сите предлози да се процесираат во следниот период.

Проектот е имплементиран од: