НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ФОРМИРАЊЕ НА ХАБОВИ ПО ОПШТИНИТЕ – Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков потпиша Декларација за унапредување на женското претприемништво

ФОРМИРАЊЕ НА ХАБОВИ ПО ОПШТИНИТЕ – Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков потпиша Декларација за унапредување на женското претприемништво

Претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска и Мими Шушлеска Петкова координатор за градење капацитети , како претставници на Платформата, деновиве ги посетуваат сите осум плански региони во државава и формираат локални координатори и хабови, кои на локално ниво следните две години ќе им помагаат, насочуваат и координираат жените претприемачи и сите оние кои сакаат да започнат  сопствен бизнис. Со овие активности Проектот ја остварува своја следна фаза а тоа е приближување на Националната платформа за женско претприемништво, до сите заинтересирани на најнепосредно ниво.

Во текот на вчерашниот ден беше остварена посета на Југозападниот плански регион, каде во Општина Охрид реализираа средби, со цел запознавање со актуелните состојби и поврзување со главните чинители за поддршка на жените во отпочнување и развој на сопствен бизнис на локално ниво. Настанот го организираше локалниот координатор Сузана Наумоска, а го отвори Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Тој изрази отворена поддршка за сите активности кои би можело да се преземат за поддршка на женското претприемништво како и за јакнењето на положбата на жената во општеството воопшто,. Во текот на средбата Градоначалникот Пецаков потпиша и Декларација за унапредување на женското претприемништво.

 

На настанот беа присутни, претставници на институциите, преставници од локалниот невладин сектор, претставници од училиштата како и младите на кои во следниот период се планира да се стави посебен акцент.

Во текот на средбата се отвори дискусија околу предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачи и разменија мислење околу системските промени кои треба да се случат за да се воспостави подобар екосистем за развој на женското претприемништво.

Денеска активностите ќе продолжат со посета на Пелагонискиот регион и во Ресен ќе остварат средби со локалните институции а утре се планира посета на Струмица во Југоисточниот регион. Со посета на Источниот регион до крај на неделава и скопскиот  ќе се заокружи поставувањето на основата за почеток со работа на хабовите веднаш со почетокот на Новата 2022 година.

 

Проектот е имплементиран од: