Националната платфрома за женско претприемништво за своја координаторка во Скопскиот плански регион, ја назначи Викторија Митрикеска. Викторија е Магистер по менаџмент со човечки ресурси со Диплома по политички науки. Таа студирала на магистерските студии на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања на Универзитетот “Кирил и Методиј”-Скопје и додипломски студии на Правниот факултет ” Јустинијан Први” на Универзитетот “Кирил и Методиј”-Скопје.
Викторија има 12 години работно искуство во проектен менаџмент како и подготовка на регионални програми и стратегии за идентификување, промовирање и генерирање на синергии со владата, партнерите, граѓанските организации, бизнис секторот и другите засегнати страни.
Таа има солидно искуство во проектни активности кои промовираат родова рамнотежа и еднаквост во спроведувањето на бизнисот меѓу мажите и жените. Викторија е особено активна во спроведување на обуки за поттикнување на иновативни идеи кај млади претприемачи, како и соодветно користење на активните мерки и програми за вработување на младите. Учествувала на меѓународни конференции како модератор и говорник на теми поврзани со претприемништво, деловна етика, иновации, работење на мали и средни претпријатија, корпоративна општествена одговорност (ООП).
Има повеќе од 9 години истражувачко искуство, во подготовка на анализи за регионален и рурален развој и користење на локални ресурси. Викторија Митрикеска е активна во национални и меѓународни мултиетнички тимови, како проектен менаџер и координатор.
Секако дека работата во Скопскиот хаб на Националната платформа за женско претприемништво е уште еден предизвик кога се работи за извојување на нови нивоа и начини за економско зајакнување на жените во бизнис светот.