НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Отворен повикот за учество на саем за текстил и мода од 09-11 февруари во Истанбул

Отворен повикот за учество на саем за текстил и мода од 09-11 февруари во Истанбул

Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со компанијата Таргет експо  објави повик за учество на Интернационалниот Саем за готов текстил и мода Istanbul Fashion Connection 2022 кој ќе се одржи од 09-11 февруари во главниот град на модата – Истанбул, Турција.

На саемот преку свои штандови учество ќе земат компании кои работат со различни видови на текстил и од различни категории на модата: женска и машка гардероба, облека за бебиња и деца, облека од кожа, крзно и тексас, спортска облека, вечерни фустани и венчаници, долна облека и чевли. На саемот исто така ќе имате можност и да се сретнат со дизајнери на модни брендови и со медиумски влијателни лица од модниот свет.

Саемот е отворен за менаџери за набавка во меѓународни синџири на продавници и стоковни куќи, менаџери на продавници специјализирани за одредени групи на производи, менаџери на онлајн продавници, за увозници и трговни на големо, за сопственици на бутици и за сите останати кои работат со текстил и мода.

Во рамки на саемот ќе бидат организирани и семинари, работилници и модни ревии. 

Брошурата и поканата за учество на настанот може да ги превземете тука.

Доколку сте заинтересирани за учество на саемот, Ве молиме да го пополните пријавниот лист и да го пратите на емаил [email protected]. Краен рок за пријавување е 26.01.2022 година.

За дополнителни информации може да не’ контактирате на [email protected] или на телефонскиот број 02/ 3091-440.

Проектот е имплементиран од: