Денеска на Регионалниот онлајн настан за Женско претприемништво SHE LEADS, претседателката на Националната платформа за женско претприемништво Валентина Дисоска, учествуваше со презентација на Платформата нејзините обврски и иднина , како и за состојбите во женското претприемништво и решавањето на предизвиците во Северна Македонија.
На овој настан посветен на економското јакнење на жената и напорите да се промени нејзината улога во бизнис светот учествуваа сите земји од регионот.