Руменка Димовска, од село Арвати – Ресен е координаторка на Хабот на Националната платформа за женско претприемништво во Пелагонискиот регион.
Таа веќе 15 години е самовработена, по професија е допломиран агроном и меѓу другото се занимава и со производство на храна и преработки на овошје и зеленчук. Веќе една година е ангажирана како консултант во Советодавен центар за земјоделство и рурален развој Битола.
Своето неформално образование и искуство го стекнала како член на повеќе здруженија и тоа: ,,Здружение против дискриминација, ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ Ресен “, ,,Здружение на овоштари Благој А. Котларовски “Ресен, ,,РУРАЛНИ ЖЕНИ ОД ПРЕСПА”Ресен.
Членува и во ,,Национална федерација на фармери”каде била ангажирана како мотивациски говорник во проектот за подршка на жените од руралните средини. Присуствувала на разни работилници на теми поврзани со женско јакнење, претприемништво, руралните жени и женски активизам.
Моите амбиции за нови предизвици не застануваат тука, па затоа со задоволство го прифатив и овој предизвик да бидам локален координатор на Пелагонискиот регион- вели Руменка Димовска од село Арвати-Ресен.