НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Денеска беше одржан првиот заеднички состанок со локалните координаторки на Националната платформа за женско претприемништво

Денеска беше одржан првиот заеднички состанок со локалните координаторки на Националната платформа за женско претприемништво

Денска тимот на Националната платформа за женско претприемништво, го одржа првиот заеднички состанок со Локалните координаторки по Хабовите на сите осум плански региони. 

 

На состанокот се зборуваше за поддршка за проширување на Советот на Националната платформа за женско претприемништво со претставници од локалните организации, кои ќе треба да потпишат Меморандум за соработка, што ќе биде реализирано по носење на одлука за пристап.

На овој начин веќе се преземаат конкретни чекори кон позиционирање на Платформата на локално ниво. Важно е активностите  да продолжат и понатаму. Во однос на оваа активност исто така локалните координатори треба да работат на подготовка на локални лоби групи, кои ќе делуваат во насока на лобирање за креирање на локални политики.  

Следниот период ќе биде важен за подготовка на стратешки документи  со  преглед на актуелната состојба во планските региони во однос на женското претприемништво.

На локално ниво ќе се спроведуваат и активностите во Тематската група, која оваа година ќе работи на тема  ,, Пристап до финансии”   а која оваа година треба да се формира во почетокот на месец март.

Исто така локалните координаторки ќе се вклучат и во формирање и работа на Секторската група, која пак оваа година ќе работи на тема   ,,Дигитализација”.

Во текот на месец мај, јуни и септември ќе се одржат Локални форуми  во сите осум региони и тоа во  Охрид, Скопје, Струмица и Велес во месец мај/јуни, додека во месец септември останатите четири, Штип, Ресен, Куманово и Тетово. Локалниот  координатор е задолжен за организација на овие форуми. Форумот треба да биде настан на високо ниво, што подразбира учество на високи претставници на локалната власт како и претставници од невладиниот сектор. 

Во рамки на активностите ќе се организираат вебинари и обуки а во следниот период ќе се направи избор на локални амбасадорки.  Локалните координатори ќе се  вклучат во промоција на локално ниво на оваа активност и анимирање на квалитетни примери на жени кои би биле потенцијални амбасадорки а во исто време треба да се организираат и средби со локални стејкхолдери.

Локални координаторки на осумте плански региони се : Скопскиот ќе го раководи Викторија Митриќеска, Вардарскиот регион е на чело со Снежана Димитриевски, Источниот го раководи Невенка Лангурова Гирова, Пелагонискиот го координира Руменка Димовска, Сузана Наумовска е координаторка на Југозападниот плански регион, Ксенија Вангелова на Југоисточниот регион, Елена Мишевска е одговорна за Полошкиот регион и Ива Магловска е координаторка на Североисточниот плански регион.   

 

 

Проектот е имплементиран од: