НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Избор на жена претприемачка за 2021 година од Западен Балкан

Избор на жена претприемачка за 2021 година од Западен Балкан

Во рамките на Акциониот план на Заедничкиот регионален пазар 2021-2024 и Агендата за економско зајакнување на жените на RCC (Regional Cooperation Council) чиј партнер е Здружението на бизнис жени и заедно со Регионалниот совет за соработка (RCC) ја започнуваат иницијативата за избор на  Жени претприемачи на годината од Западен Балкан, која се очекува дека ќе стане традиција, за признавање на жените кои започнале и развиле сопствен бизнис и придонеле за нови и одржливи работни места за другите жени и мажи во овој  регион.

Жените претприемачи се витални придонесувачи за просперитетот на Западен Балкан. Нивната напорна работа, иновативно размислување и непоколеблива посветеност навистина им помага на нашите економии да растат и нашите општества да напредуваат. Преку оваа иницијатива, наша намера е да им оддадеме скромно признание на оние храбри и жестоки жени кои се осмелија да се борат со стереотипите и да ја направат промената.

Здружението нма бизнис жени како партнерска организација на RCC(Regional Cooperation Council) ги повикува сите жени претприемачи да се номинираат во предложените номинациите за жени претприемачки.

Номинациите се отворени до 4 март 2022 година.

Повеќе информации за категориите, условите и начинит за пријавување, може да добиете на следниот линк  https://www.rcc.int/women-entrepreneurs-of-the-year
Доколку имате повеќе прашања, обратете се на следниот меил  [email protected]

 

Проектот е имплементиран од: