Здружението на бизнис жени од минатата година е дел на Европското семејство за женско претприемништво ((WEP).
Оваа Платформа се раководи од мотото „Жените на прво место, просперитет за сите“ а нејзините главни цели се :да се поттикне женското претприемништво преку соработка со различни партнерски организации; да се зголеми јасноста на постоечките шеми, програми и услуги во јавниот и приватниот сектор; да препознава и да решава различни прашања и тесни грла на соодветни начини.
WEP платформата обезбедува услуги за бесплатни кредитни рејтинзи, менторство и финансиска помош за жени претприемачи, стажирање и корпоративни партнерства. Покрај ова, WEP ги охрабрува и жените претприемачи да ги споделат своите лични успешни приказни – претприемачки патувања, приказни и искуства за негување на меѓусебното учење.
Најновиот Newsletter од оваа Платформа со информации за најновите тековни случувања можете да го видите на следниот линк