НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Руралните жени со зајакнати капацитети и вештини се двигател на економскиот развој на Општина Чучер Сандево

Руралните жени со зајакнати капацитети и вештини се двигател на економскиот развој на Општина Чучер Сандево

Во развојот на руралните средини и економското зајакнување на руралните општини, особен придонес може да има руралната жена. Жените од руралните средини работат и допринесуваат во средината каде живеат и се движечка сила во тој систем. На оваа тема денес се зборуваше на состанокот со градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, кој позитивно одговори на иницијативата за состанок за презентирање на платформата за женско претприемништво. 

На состанокот присуствуваа Валентина Дисоска, Претседателка на Националната платформа за женско претприемништво, Мими Шушлеска Петкова од Сојузот на Стопански комори, партнери во проектот, и Викторија Митрикеска, локален координатор за Скопскиот плански регион.

Градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, ја потпиша Декларацијата за поддршка на женското претприемништво. За време на состанокот, тој ги презентираше потенцијалите за развој на претприемништво. Во таа насока тој посочи дека во нивната општина имаат позитивни примери на успешни претприемачки кои добро работат во општината, а нивната активност допринесува за економски бенефит на општината.

Низ дискусијата беа презентирани и потенцијалите за развој на руралниот туризам во Општина Чучер Сандево. Низ разговорот беше презентирано дека нивната општина е посетена и од странски туристи, кои уживаат во природата на Скопска Црна Гора. 

Градоначалникот Коменовиќ рече дека е особено радосен што се започнува соработка со Националната платформа за женско претприемништво каде ќе се вклучат жените претприемачки, кои ќе бидат позитивен пример за другите рурални жени и младите  за понатамошен развој на претприемачките активности во општината.

Проектот е имплементиран од: